Крушево абер пристигна | Krusevo aber pristigna | Македонски Песни | Makedonski Pesni | Macedonian Songs | Macedonia | Македонија

6 months ago
16

Крушево абер пристигна
кој има синој големи,
комити да ги испрати
во тоа славно Смилево.
Комити да ги испрати
во тоа славно Смилево.

Стојан си немал синои,
Стојан си немал синови,
само си ја имал Тодорка,
Тодорка една на мајка.
Тодорка една на мајка,
Тодорка една на татко.

Тодорка на татко велеше:
Купи ми пушка берданка
и една сабја пренгија
јас комита татко ќе одам.
Јас комита татко ќе одам
во тоа славно Смилево.

А што беше лична Тодорка
нарами пушка на рамо
запаша сабја пренгија
три години комита шетала.
Никој Тодорка не познал
дека е Тодорка девојка.

Loading 1 comment...