Јордан Пиперката | Ми го затвориле младиот Јорданчо | Mi go zatvorile mladiot Jordanco Македонски Песни | Makedonski Pesni | Macedonian Songs

3 months ago
5

Ми го затвориле младиот Јорданчо
ми го затвориле во темни зандани.
Во зандани има вода до колена,
вода до колена, коски до рамена.

Лежал што ми лежал, време три години,
време три години, а и шест месеци.
Кога време дојде Јордан да се пушта,
право тој ми трга во негово село.

Кога ми пристигнал в' неговата куќа,
два пати ми викнал, три пати ми тропнал.
Порти отворила неговата мајка,
порти отворила, сина прегрнала.

- Каде ми е мајко мојто верно либе
порти да отвори, мене да пречека?
- Твојто верно либе, сношти се омажи
за твојот комшија, за твојот побратим.

Loading comments...