Пепи Бафтировски - Кога војници тргнавме | Pepi Baftirovski - Koga vojnici trgnavme | Македонски Песни | Makedonski Pesni | Macedonian Songs

2 months ago
2

Кога војници тргнавме
за таа пуста планина,
оставивме мајки, татковци
жени со машки дечиња.

Леле војната мамо, војната
војната тригодишната.
Мамо војната,
војната тригодишната.

Марике, дилбер Марике,
тебе ми те жална оставам.
Тебе ми те жална оставам,
жална од осум месеци.

Леле војната мамо, војната
војната тригодишната.
Мамо војната,
војната тригодишната.

Марике либе, Марике,
ако ти е машка рожбата.
Ако ти е машка рожбата,
на мојто име да крстиш.
Војната е силна, ужасна,
може тамо јас да загинам.

Леле војувам мамо, војувам,
војувам не ќе се вратам.
Мамо војуват,
не ќе се вратат.

Loading comments...