Невен Пејо | Neven Pejo | Васка Илиева - Излегол невен Пејо | Vaska Ilieva - Izlegol neven Pejo | Македонски Песни | Makedonski Pesni | Macedonian Songs

5 months ago
1

Излегол невен Пејо по Шар Планина,
да ми стадо паслo Пејо, на кавал ми свири.
Везден ми го паслo Пејо, ем до полноќум.

Еј, од полноќум, џанам, стадо ми дотерал,
ми го затворил џанам во ново трло.
Пејо ми улегол, џанам, в' нова колиба.

Еј, Пејо седнало, џанам, малку да вечера,
ми вечерало, џанам, кучиња му лајат.
Пејо истрчало, џанам, потера дало.

Еј, проклети биле, џанам, клети арамии,
што ми посилеле они по Шар Планина,
што му утепале они верни кучиња
и му сардисале они трло ем колиба.

Му сардисале они трло ем колиба,
ми го фанале они млад невен Пејо,
и му врзале они раце наопако,
му потерале они белото му стадо,
стадо не ми оди џанам без невен Пејо.

Loading comments...