„Амбер алерт“ во Македонија е во почетна фаза но во практика не би функционирал ефикасно

23 days ago
12

„Амбер алерт“ во Македонија е во почетна фаза но во практика не би функционирал ефикасно
Енџи Николоска 26.05.2024
Системот „Амбер Алерт“ во Сад функционира од 1996 година, по исчезнувањето на деветгодишното девојче Амбер Хагерман од Тексас, која била киднапирана додека возела велосипед, а потоа и убиена. Телото на Амбер, фрлено во поток, на околу десетина километри од паркингот каде Амбер била киднапирана го нашол случаен минувач пет дена по киднапирањето. Во Македонија пак, во овој момент го има системот за исчезнати деца во форма на веб страна „Најди ме“ и соработуваат со министерството за внатрешни работи, образование и наука како и труд и социјална политика. Првиот човек на детската амбасада Меѓаши во телефонски разговор за Тв 24 вели дека се создава заблуда дека „Амбер Алерт“ функционира во Македонија. Змијанац потенцира дека го известиле МВР уште во декември минатата година, но оттаму добиле одговор дека се уште немаат доволно информации за функционирањето на системот.
Од Меѓаши апелираат европскиот број за исчезнати деца 116000 да се усвои и кај нас. Велат сложена е постапката за овој систем, бидејќи треба да се најде мобилен оператор за линиите да бидат бесплатни и операторите да ги покријат услугите. Денеска, сајбер просторот е најголемата закана за киднапирање, сексуално злоупотребување на децата. Од детската амбасада алармираат дека и воспитно-образовниот процес треба да ја подигне свеста на поголема превенција.
„Детската амбасада Меѓаши е во контакт со својата партнерска организација од Србија, за исчезнати и злоставувани деца-директно со Игор Јуриќ татко на киднапираното девојче Тијана, по чија смрт се донесе и Тијаниниот закон и Амбер Алерт се донесе како систем во Србија. Од нив сме информирани дека Амбер Алерт подразбира и систем на процедури и формално правни акти со кои државата се обврзува да го спроведе системот на рано предупредување и алармирање до медиумите, банките, аеродромите, автобуски постојки, државен и прватен сектор за навремена дојава до надлежните и државни органи“, вели Драги Змијанац-основач и директор на првата детска амбасада Меѓаши.
Игор Јуриќ чија ќерка Тијана беше киднапирана и убиена дојде во Скопје по киднапирањетон на Вања. Тогаш в интервју за ТВ 24 истакна дека личната загуба била поттик за носење на таканаречениот закон на Тијана во 2015 година, со кој се воведе доживотен затвор за најтешките кривични дела. Порача дека случајот со Вања е аларм за итни чекори во заштитата и законодавството во Македонија.
Igor Jurić - Centar za nestalu i zlostavljanu decu
Со исчезнувањето на Данка Илиќ, за прв пат минатата година се активираше системот „Алберт Алерт“ во Србија. Хрватска пак, од 2022 година го има Нено аларм. Со исчезнување на дете, хрватските власти ја известуваат компанија Мета и преку социјалните мрежи информацијата стигнува до граѓаните на 60 километри од местото каде што детето последен пат е видено.
#MissingChildrensDay

Loading comments...