Александар Сариевски - Огин го гори Брезово | Aleksandar Sarievski - Ogin go gori Brezovo | Јордан Пиперката | Македонски Песни | Macedonian Songs

6 months ago
7

Огин го гори Брезово,
Македонијо, Македонијо.
Ордан со чета навлегол, Македонијо,
во поробено Брезово.

И на дружина говори, Македонијо:
„Станете браќа, не спијте.
Земете бомби, куршуми,
со душман ќе се биеме“.

Ордан на чета говори,
Македонијо, Македонијо:
„Земајте бомби, куршуми,
тиран сомлете,
слобода да добиеме“.

Грмеа бомби, куршуми, Македонијо,
крвава борба започна.
И викна Ордан војвода:
„Го зазедовме Брезово“!

Loading comments...