Premium Only Content

КОНФЕРЕНЦИЈА „ ДЕБАР – ОПШТИНА ПОСВЕТЕНА НА ДЕЦАТА“ Канал 3 , прилог на македонски јазик
ЛОКАЛНА КОНФЕРЕНЦИЈА „ ДЕБАР – ОПШТИНА ПОСВЕТЕНА НА ДЕЦАТА“
Локални власти, претставници на воспитно – образовниот кадар, млади и деца од општина Дебар беа главните говорници на Локалната конференција „Дебар – Општина посветена на децата“.
Оваа конференција имаше за цел да промовира инклузивна и поддржувачка средина за децата со споделување на веќе постоечки позитивни практики за детско учество во општината Дебар. Како гостин на конференцијата учествуваше и општината Гостивар која исто така е вклучена во проектот „Место за растење: Општини посветени на децата“.
Конференцијата беше отворена со поздравен говор од страна на Градоначалникот на општина Дебар, Хекуран Дука, Драги Змијанац - Претседател и основач на Прва детска амбасада во светот МЕЃАШИ и Кристина Василеска, Директорка на Центар за семејно и детско згрижување КМОП Скопје.
Во првиот дел од конференцијата се обратија повеќе панелисти. Претставникот на училишниот парламент, Зог Фетаху даде посебен акцент на начинот на кој тие се вклучени во донесувањето одлуки, колку се важни овие одлуки и искуството од одлучувањето во училишниот парламент. Претседателот на Прва детска амбасада во светот Меѓаши, Драги Змијанац, се задржа на важноста на учеството на децата во процесите на донесување одлуки, говореше за неговото досегашно учество во локалното одлучување и даде идеи како општините можат да ги вклучат децата и младите во носењето одлуки.
Градоначалникот на општина Дебар, истакна дека општината е секогаш подготвена да ги отвори вратите во однос на секоја тема поврзана за децата, а пред се, посебен акцент даде на квалитетното образование, подобрите услови во училишта и безбедно училиште, повеќе зелени површини и чиста околина.
Клучната сесија на конференција вклучуваше и теми кои се актуелни кај децата и младите како што е врсничкото насилство, додека посебен акцент беше ставен и на темите за емоционалната интелигенција и падот на менталното здравје кај тинејџерите, како и на важноста на соработката помеѓу училиштето и семејството.
Младите и децата имаа носечка улога на оваа локална конференција. Беа присутни ученици од три основни училишта, кои преку цртеж опишаа како ја гледаат иднината во нивниот град. Цртежите ги доставија до Градоначалникот на општина Дебар давајќи му задолжение истите да бидат приоритет при идните активности на општината.
Оваа конференција претставуваше уникатна и несекојдневна можност да се слушне и научи од искуствата и практиките помеѓу локалните самоуправи а воедно и да се споделат визиите, предизвиците и можностите на општините во насока на промовирање, остварување и заштита на правата на децата.
По конференцијата се одржа и локална панел - дискусија составена од претставници на локалните власти, воспитно - образовниот кадар и други чинители во рамки на општината. Панелот ќе биде посебно тело во рамките на општината, кое ќе обезбеди структурирана и фокусирана работа поврзана со правата на децата и донесувањето на локалните стратешки планови, и ќе овозможи креирање на стратешки план за општина Дебар со цел унапредување на правата на децата и нивно вклучување во локалното планирање.
ЛОКАЛНА КОНФЕРЕНЦИЈА „ ДЕБАР – ОПШТИНА ПОСВЕТЕНА НА ДЕЦАТА“ Канал 3 , прилог на македонски јазик
-
LIVE
LFA TV
13 hours agoLIVE & BREAKING NEWS! | WEDNESDAY 10/1/25
4,584 watching -
30:49
Rethinking the Dollar
1 hour agoMarkets Panic: Government Shutdown Sends Gold & Bitcoin Higher | Morning Check-In: Let's Talk...
92 -
LIVE
Trumpet Daily
52 minutes agoTrumpet Daily LIVE | Oct. 1, 2025
419 watching -
1:00:55
VINCE
3 hours agoSOMBRERO-GATE! | Episode 137 - 10/01/25
157K161 -
LIVE
MYLUNCHBREAK CHANNEL PAGE
3 hours ago1000's of Miles of Tunnels
691 watching -
1:08:12
The Big Mig™
2 hours agoSchumer Government Shutdown Screwing America AGAIN!
5.68K8 -
DVR
Bannons War Room
7 months agoWarRoom Live
38.8M9.03K -
1:09:26
Benny Johnson
2 hours agoDemocrats Throw Hysterical MELTDOWN As Trump Gives Them 'Trump 2028' Hats, Trolls With 'Racist' Meme
30.5K43 -
1:35:09
Dear America
4 hours agoDems Cause a Gov SHUTDOWN!! Remember THEY HATE YOU! + Bomb Threat At TPUSA Event!!
89.7K77 -
2:09:23
Badlands Media
11 hours agoBadlands Daily: October 1, 2025
41.8K7