ZA NAS - Anja Micevska

8 months ago
69

Музика: Горан Мицевски
Текст: Ирена Мирчевска Љац и Јулиа Мицевска
Костимографија: Анастасија Зулевска, Моден креатор
Кореографија, сценарио и режија: Стефанија Милевска Враниќ
Танчерска група - Анастасија Центар: Матеја Стојчевска, Уна Димовска, Дејана Магденовска, Мартина Ристевска и Илина Мартиновска.
Видео: Владич Бошковски
#anja #macedonianmusic

Текст: За нас

И повторно ми доаѓа
тој поглед од тоа време,
Тоа лето кога случајно
се појави пред мене.
Остави насмевка трајна,
остави љубовни траги.
Во глава, во мислите,
во слатките спомени, драги.

И мислам на тебе,
и мислам на себе .
И мислам на нас.
Би сакала јас – една убава приказна
да пеам на глас.

И повторно го наоѓам,
патот кој води кон тебе.
И повторно само јас
таму се пронаоѓам себе.
Овој силен занес
постојано кон тебе ме носи.
Твојот допир
го чувствувам на моите коси.

И мислам на тебе,
и мислам на себе.
И мислам на нас.
Би сакала јас – една убава приказна
да пеам на глас.

Би сакала јас – една убава приказна
да пеам на глас.

#ZaNas #AnjaMicevska #MacedonianMusic #MakedonskaMuzika

Loading 1 comment...