Patrizia DiGiovanni, UNICEF representative in the Republic of N. Macedonia

7 months ago
9

МЕЃУНАРОДНА КОНФЕРЕНЦИЈА „КРЕИРАЈ ГО ТВОЕТО МЕСТО ЗА РАСТЕЊЕ“
Водечки експерти, креатори на политики и застапници од Европа кои се посветени на децата и кои имаат долгогодишно искуство во локалното планирање за децата заедно со локални власти, академици, граѓански организации, млади и деца од земјава беа главните говорници на Меѓународната конференција „Креирај го твоето место за растење“.
Оваа конференција имаше за цел да промовира инклузивни и поддржувачки средини за децата, овозможувајќи увид до знаењето, искуствата и најдобрите практики во спроведувањето иницијативи насочени кон децата низ Европа.
Децата да бидат во сржта на донесувањето одлуки, да не се чекаат пари од ЕУ или од УНИЦЕФ, туку општините да го оптимизираат буџетот што го имаат, не само тој за образование, и да биде скроен за заедницата да биде попријателска и поодговорна кон децата, порача претставничката на УНИЦЕФ во земјава, Патриција ДиЏовани, на меѓународната конференција „Креирај го твоето место за растење“.

Конференцијата ја организираше Центарот за семејно и детско згрижување (КМОП) од Скопје во соработка со Првата детска амбасада во светот Меѓаши, посветена на подобрување на благосостојбата на децата на локално ниво. Беше претставен проектот „Место за растење“, финансиски поддржан од Европската Унија, кој има цел да ги зајакне напорите на локалните власти за унапредување на правата на децата и нивното учество во локалното планирање.

Проектот ќе се спроведува 30 месеци и ќе ги поддржи општините Виница, Дебар, Гостивар, Велес и Кисела Вода во развивање и операционализација на клучни стратешки документи за правата на децата врз основа на специфичните потреби, перспективи и очекувањата на децата и ќе им обезбеди ефективни алатки за следење на нивното спроведување. Целни групи ќе бидат претставници на локалната самоуправа, наставниот кадар, деца на возраст од 3 до 18 години.

ДиЏовани посочи дека УНИЦЕФ долго ја има програмата „Градови погодни за деца“ каде секое дете расте безбедно, има пристап до основни услуги – чист воздух и вода, средина каде што може да игра и учи и каде гласовите им се слушнати и значат во заедницата.

Таа соопшти податоци од анкета на млади во земјава според која 610 сметаат дека немаат никакво влијание на начинот на кој работи власта, а 85 проценти кажале дека никој не ги консултира.

-Тоа е многу, тоа е мнозинството. Само 19 од 81 локална самоуправа имаат младински совети. Ова е третина. Само 20 проценти деца од рурални средини одат во предучилишно образование и 40 од градовите. Тоа не е доволно и тоа се децата кои не се подготвени на шест години да почнат со училиште, рече ДиЏовани.

Го посочи како негативен пример ставот на некои градоначалници од лани да ги затворат училиштата за да заштедат струја и соопшти дека со поддршка на Светска банка УНИЦЕФ работи на програма за оптимизирање на буџетот и за таа цел соработува со десет општини за поефикасен образовен систем.

УНИЦЕФ има апликација U-Report со која ги прашува младите за теми што им се важни и информациите, како што рече, ги користи за да ги застапуваат кај носителите на одлуки – министерствата и Владата. Досега ги консултирале за неколку теми, како климатски промени, онлајн-безбедност, сајбер-насилство, младинско учество. Апликацијата се користи и за младите да дадат мислења за Младинската стратегија на УНИЦЕФ 2023-2027.
Повеќе: ttps://www.placetogrow.mk/mk/%d0%bf%d0%be%d1%87%d0%b5%d1%82%d0%bd%d0%b0-%d1%81%d1%82%d1%80%d0%b0%d0%bd%d0%b8%d1%86%d0%b0/
#местозарастење #placetogrow #детскиправа #креирајготвоетоместозарастење #UNICEFGreece #CFCI #ChildFriendlyCities #unicefmk #kmopskopje #Меѓаши #UNICEFÖsterreich #ОпштинаКиселаВода #општинавиница #општинадебар #ОпштинаГостивар #општинавелес #megjashi

Loading comments...