Dragi Zmijanac President First Children Embassy in the World Megjashi IC "Create Your Place to Grow"

8 months ago
7

МЕЃУНАРОДНА КОНФЕРЕНЦИЈА „КРЕИРАЈ ГО ТВОЕТО МЕСТО ЗА РАСТЕЊЕ“
Водечки експерти, креатори на политики и застапници од Европа кои се посветени на децата и кои имаат долгогодишно искуство во локалното планирање за децата заедно со локални власти, академици, граѓански организации, млади и деца од земјава беа главните говорници на Меѓународната конференција „Креирај го твоето место за растење“.
Оваа конференција имаше за цел да промовира инклузивни и поддржувачки средини за децата, овозможувајќи увид до знаењето, искуствата и најдобрите практики во спроведувањето иницијативи насочени кон децата низ Европа.

Драги Змијанац, претседател на Првата детска амбасада во светот „Меѓаши“, која постои 31 година, на отворањето на конференцијата рече дека Македонија е една од ретките земји каде децата двапати доставувале извештај подготвен од деца за состојбата со правата на децата и го бранеле пред Комитетот за правата на детето во Женева – еднаш со присуство, а вторпат онлајн во време на пандемијата.

Посочи дека деца волонтери во Меѓаши учествуваат во креирање документи, како што е стратегијата на Град Скопје која, рече, е заглавена во некоја фиока.

- Таа е готова, Град Скопје даде финансии, ние учествуваме, децата беа активни, но е заглавена во фиока. Ќе почекаме некое време, ако не, ќе одиме со акции, можеби и герила акции, со транспаренти пред Град Скопје: Бараме стратегијата да се спроведе. Ете, и тоа е детскиот активизам, рече Змијанац.

„Меѓаши“ соработува со многу општини и неколку пати, рече Змијанац, успеале да ја сменат законодавната власт во некои од нив затоа што не било исполнето ветувањето на она што децата на работилници го искажале што им е потребно во градот каде што живеат.

-Децата бараат осветлување, инфраструктура, во некои градови бараат театар, кино, бараат велосипедски патеки, заштита од улични кучиња. Сите можни барања им се доставени. Но, политичарите ветуваат ама тешко исполнуваат. Јавна критика до сите политичари – ако се залагаат за правата на децата, не треба да го одбележуваат само 20 Ноември – Светскиот ден на детето, па дури и да го узурпираат тој ден кога сите се сликаат со децата, туку треба напорно да работат 365 дена, истакна претседателот на Првата детска амбасада во светот „Меѓаши“.
Повеќе: https://www.placetogrow.mk/mk/%d0%bf%d0%be%d1%87%d0%b5%d1%82%d0%bd%d0%b0-%d1%81%d1%82%d1%80%d0%b0%d0%bd%d0%b8%d1%86%d0%b0/
#местозарастење #placetogrow #детскиправа #креирајготвоетоместозарастење #UNICEFGreece #CFCI #ChildFriendlyCities #unicefmk #kmopskopje #Меѓаши #UNICEFÖsterreich #ОпштинаКиселаВода #општинавиница #општинадебар #ОпштинаГостивар #општинавелес #megjashi

Loading comments...