Ајде провикнал се Иљо Малешевски | Ajde provikna se Iljo Malesevski | Дедо Иљо Малешевски | Македонски Песни | Macedonian Songs

1 year ago
1

Ајде провикнал се
Иљо Малешевски,
Иљо Малешевски
Иљо војводата.

Кој си нема пушка
тука нека дојде,
тука нека дојде
пушка да му дадам.

Кој си нема сабја
тука нека дојде,
тука нека дојде
сабја да му дадам.

Малешево да иде
с' душман да се бие,
с' душман да се бие
душман да истера.

Душман да истера
од нашата земја,
од нашата земја
од Македонија.

Loading comments...