Никола Бадев - Ми заплакало селото Ваташа | Nikola Badev - Mi zaplakalo selo Vatasa | Ваташa | Македонски Песни | Macedonian Songs

1 year ago
2

Масакр во Ваташа — крвав настан што се случил на 16 јуни 1943 година кога биле стрелани 12 младинци од селото Ваташа во близина на Моклиште кај месноста „Чаир“, на 2 км оддалеченост од Ваташа. Колежот го извршила бугарската воjска и полициски одреди на чело со капетан Борис Жеглов, поручник Борис Костов и подофицер Петко Опреков под команда на полковник Љубен Апостолов, командант на 56. велешки пешадиски полк од Петтата бугарска армија.

Ми заплакало селото, селото Ваташа,
ми заплакало селото, селото Ваташа,
тринаесет роса младинци носат
Мокришко горе, в долови.

Целото село станало, станало на нога,
целото село станало, станало на нога:
Дајте ги ваму нашите деца,
еј, вие клети крвници!

Џелати клети не слушаат, не слушаат народот,
џелати клети не слушаат, не слушаат народот,
митралез поган фрлија оган
в' градите машки младински.

Тогај се народ подигна, подигна илјадно,
тогај се народ подигна, подигна илјадно,
и тргна смело да запре семе
фашисто-клето за навек.

Loading comments...