Орце Стевковски - Глас се слуша, плач и лелек | Orce Stefkovski - Glas se slusa, plac i lelek | Македонски Песни | Macedonian Songs

1 year ago
3

Едно утро в' рани зори, село Баница,
Глас се слушна, аскер влезе во опколија,
Фрчат куршуми, ечат топови,
Гоце Делчев слатко спие, сон ми сонуе.

Глас се слуша, плач и лелек,
Аскер влегува, кај е Гоце?
Нека стане! Го предадоа!

Тогај Гоце од сон стана и не верува:
- Што е ова чудо браќа? Гори Баницa!
Бргу под село и расопрете да не горат
И убиваат браќа и сестри!

Глас се слуша, плач и лелек,
Аскер влегува, кај е Гоце?
Нека стане! Го предадоа!

Почна борба да се води, борба нерамна,
Глава крена Гоце Делчев и командува:
- Удрете браќа и расотрете
И ако се сто на еден, не се плашете!

Глас се слуша, плач и лелек,
Аскер влегува, кај е Гоце?
Нека стане! Го предадоа!

Уште зборот за слобода да го дорече
Клети душман го погоди, право во срце.
Како паѓаше, така колнеше:
- Ништо од род да не има кој ме предаде!

Глас се слуша, плач и лелек,
Аскер влегува, кај е Гоце?
Нека стане! Го предадоа!

Loading comments...