Premium Only Content

Таму ле мајко, близу Битола | Tamu le majko blizu Bitola | Таки Даскало | Taki Daskalo | Македонски Песни | Macedonian Songs
Димитар Николовски – Таки Даскало (17 ноември 1921 во Битола — 3 мај 1942 во Ореово, Битолско) — македонски партизан, комунист, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.
Роден е како прво дете, во семејство.
Основно образование стекнал во Битола. Потоа го продолжил во Скопската учителска школа. На примениот испит иставил силен впечаток кај професорите, со неговите гласовни способности пеејќи македонска народна песна. Таму тој влегува во кругот на напредните младинци. Таму го добил прекарот Штрч.
Имал бунтовен дух и често се спротиставувал на школскиот интернатски режим. Неговата активност не и се допаднала на управата на училиштето, и го отстрануваат од училиштето. Ова негово исклучување, прераснало во мал бунт организзиран од неговите соученици (македонци, срби, црногорци), кои застанале во негова одбрана. Таки Даскало бил приморан да отпатува во Црна Гора и да се запише во училиштето за учители во Цетиње. Престојот во Цетинската школа му помогнало да се запознае со многу левооринетирани младинци, меѓу кои Стана Томашевиќ - Арнесен, која го запознала со активностите на СКОЈ. Но и таму наскоро ќе биде разоткриен заради неговите антифашистички пропаганди. Своето образование го продолжува во Алексинац во Србија.
Окупацијата го затекнува во Битола, каде што станува член на КПЈ. По положувањето на матурскиот испит во гимназијата во Битола, го завршил своето образование на 31 август, 1941 година. Со положувањето на матурскиот испит, од страна на бугарскиот окупатор му било понудена учителска дејност, која ја одбил бидејќи не сакал да служи на окупаторот. Иако не работел како учител во тој период го добил прекарот Даскалот.
Една од главните акции на битолската група, била да го разобличи бугарскиот окупатор, кој имал план на 2 август, 1941 година, да направи празнување на Илинденското востание, со цел да го прикаже како бугарско востание. Стив Наумов како еден од главните организатори на оваа акција, во јули во месноста Бруснички ливади, одржале состанок, на кој Стив им одржал говор за значењето на Илинден на македонскиот народ и какви последици би имало доколку се дозволи да се прикаже на народот како бугарско востание. На состанокот било решено да се исфрлат две пароли: "Да живее слободна Македонија!" и "Да живеат СССР и Црвената Армија!". Тие се вмешале во толпата при што на сиот глас ја извикувале паролата "Да живее слободна Македонија!".
По посетата на Битола од страна на Лазар Колишевски во септември 1941 година и неговата средба со Стив Наумов, било решено дека треба да се отпочне со оружен отпор против окупаторот. По оваа средба, Стив го посетил Таки во Лавци и му ја објаснил важноста од формирањето на одредот. Било решено Одредот да се формира на 19 октомври 1941 година.
Иако формирањето на одредот се чувал тајност, бугарскиот окупатор дознал за нивното движење, кое им го соопштил локалниот кмет. Одредот планирал да го обележи празникот Први мај со побогата и празнична храна. Истиот ден околу 10 часот командантот на одредот Ѓорѓи Наумов, заедно со борците Никола Георгиевски - Никлецо и Стево Трајковски - Тефико ја обиколувале стражата при што наишле на бугарска воена единица во Брусник и ги уапсила. На 3 мај 1942 година, бугарскиот генерал Иван Маринов раководел со акцијата за уништување на овој одред, по што испратил 2000 војници, поделени во четири колони. Првата колона поминала низ селото Брусник, втората низ селото Лавци, третата јужно од Смолево, а четвртта поминала низ селата Буково и Ореово и навлегла во планината. Неговиот партизански одред бил опколен над селото Ореово од фашистичкиот непријател. Лазо Хаџи Поповски, ги забележал непријателските позиции, по што ги известил борците, кои решиле да не се предадат и со борба да пробаат да го пробијат обрачот. Започнала нерамна борба меѓу петнаесеттина слабо вооружени партизани и повеќеилјадна добро вооружена бугарска војска. Оваа борба траела сè до попладневните часови (околу 16:00 часот). Бидејќи имало магла и паѓал дожд борците во две групи решиле да се пробијат при што групата на Таки Даскалот загинала. Во битката, покрај Таки Даскало загинале и Јоска Јорданоски-Сандански, Ордан Михајлоски, Елпида Караманди, Мара Јосифовска и Димче Хаџипоповски). Во сеќавањата на Киро Крстески-Платник се среќава податок дека Таки Даскалот всушност бил тешко ранет, а потоа ѕверски дотепан со кундаци од бугарските окупаторски војници.
Гробот на загинатите не бил пронајден. По ослободувањето, откако е извршено судењето на непријателските злосторници, по сведочењето на злогласниот бугарски началник Асен Николов, нивните тела биле пронајдени над Довлеџик, каде биле фрлени во заедничка дупка и нечовечки закопани. Во 1948 година, народнта власт ги открила нивните посмртни останки и тие биле пренесени на Буковските гробишта во Битола.
-
3:07
mkd cut
9 days agoГо фанале едно моме | Go fanale edno mome | Гоце Делчев | Goce Delcev Македонски Песни | Makedonski Pesni | Macedonian Songs | Macedonia | Македонија
1 -
LIVE
Tundra Tactical
1 hour ago🚨🔫Tundra Nation Live Rips Apart Media Lies on Short Barreled Rifles & Suppressors 🎇🧨
11,009 watching -
LIVE
vivafrei
7 hours agoEp. 269: U.S. Strikes Iran! Karen Read Verdict! Grace Schara Verdict! National Gaurd, SCOTUS & MORE!
14,431 watching -
2:47:06
Barry Cunningham
3 hours agoPRESIDENT TRUMP PROTECTED AMERICA AND NOW THE WORLD AND THAT DEMOCRATS KNOW!
8.63K17 -
21:53
Stephen Gardner
2 hours ago🔥What EVERYONE missed about Trump bombing Iran!
21.4K150 -
27:30
DeVory Darkins
2 hours ago $5.30 earnedDemocrats panic with IMPEACHMENT threat as Trump drops WARNING for Iran
11.9K63 -
1:41:58
Robert Gouveia
8 hours agoTrump Drops Bombs! Damage Reports & Reaction! Democrats Call for IMPEACHMENT!!
56.5K152 -
LIVE
OhHiMark1776
3 hours ago🟢 06-22-25 ||||| Ignis! ||||| Baldur's Gate 3 (2023)
83 watching -
LIVE
StaleSavage
2 hours agoHitman II - Then more SCUM! Come see emotes!
36 watching -
23:51
Adam Does Movies
1 day ago $2.33 earned28 Years Later - Movie Review
50.5K15