Premium Only Content

Политички игри или злоупотреба на детските права - Како децата од „Мал Битолски Монмартр“
Политички игри или злоупотреба на детските права - Како децата од „Мал Битолски Монмартр“ отидоа во кабинетот на Радев
Битолското обвинителсто нема добиено ниту кривична пријава ниту известување за злоупотреба на деца за политички цели од установата мал битолски монмартр кои биле на средба со бугарскиот претседател.. Дека се води таква постапка, вчера информираше министерот Спасовски кој рече дека очекува обвинителството да побара дополнителни насоки за испитување на случајот.
Од МВР попладнево информираа дека известувањето било испратено до обвинителството на 17ти, а за да нема проблем во комуникацијата, денеска повторно било доставено.
Целиот случај, од културната установа го сметаат за хајка. Велат во време кога двете држави имаат нарушени односи, Мал Битолски Монмартр има добра соработка со Бугарија.. Негираат дека децата биле злоупотребени во политички цели и дека нивните родители не биле информирани дека за време на посетата ќе имаат средба и со политичари од Бугарија.
„Со кој мислите вие дека децата се запознаваат 55 години низ цел свет, освен со своите другарчиња? Кој нас не прими во УНЕСКО, претседателот, кој не прими во ЕУ, кој не прима од сите колонии од Хонг-Конг до Португалија? Градоначалник, министер претседатаел. Зошто само Бугарија е проблем. Ние бевме и кај нашиот претседател Стево Пендаровски. Зошто само за Бугарија се активира политичка злоупотреба, јас не знам ни како е формулирано воопшто“, вели Славчо Неделковски, „Мал битолски Монмартр“.
Од Прва детска амбасада Меѓаши / First Children's Embassy Megjashi, ги повикаа институциите да преземат мерки заради вклучување на македонски деца во политичка кампања на странски политичари.. Според Змијанац, и децата требало да бидат прашани дали се согласуваат да имаат средба со Радев и заедничка фотографија.
„Ова е тенка граница на културата и уметноста да излезе за политички маркетинг. Не сакам да мислам дека станува збор за смислена индоктринација на децата, или пак, да бидат ставени во злоупотреба до таа цел да родителите не биле информирани точно што се случува со посетата во Бугарија. Јас не знам што бугарски политичари им објаснувале на децата и за што ќе се залагаа за македонските деца, но се додека на децата јасно не им се даде до знаење со каква цел е посетата и каква намера, и тие да се свесни за таа задача што ќе ја извршат таму е инструментализација на децата за политички цели“, вели Драги Змијанац, „Меѓаши“.
Инаку престојот во Софија на младите уметници од Македонија е финансиран од бугарскиот бизнисмен Милен Врабески кој се јавува како финансиер и на бугарските клубови во земјава.
Во меѓувреме, информацијата дека е можна постапка за посетата кај Радев, предизвика бура политички реакции во Бугарија, главно од поранешната министерка Захариева и Красимир Каракачанов споре кои македонските власти постигнале ново дно и нескриена омраза кон Бугарија.
-
LIVE
LFA TV
5 hours agoLFA TV ALL DAY STREAM - TUESDAY 9/2/25
5,415 watching -
LIVE
Badlands Media
9 hours agoBadlands Daily: September 2, 2025
4,375 watching -
1:43:36
Dear America
3 hours agoTrump CALLS OUT PFIZER!! We Were Always Right…
95.2K70 -
2:18:42
Matt Kohrs
13 hours agoMarket Open: September Stock Market CRASH?! || The Top Live Trading Show
28.1K2 -
LIVE
The Big Mig™
2 hours agoThe Shadow Empire: Soros Empire, and the Arabella Web
4,861 watching -
29:30
Rethinking the Dollar
1 hour agoDEBT Doom Loop Guarantees Higher Metal Prices | Morning Check-In: Let's Talk...
13.8K4 -
8:05
Buddy Brown
4 days ago $1.49 earnedMinneapolis Mayor's QUOTE Comes Back to HAUNT HIM! | Buddy Brown
6.49K9 -
45:29
Randi Hipper
2 hours agoPRESIDENTIAL FAMILY CRYPTO PROJECT PLUMMETS AS BITCOIN BREAKS OUT
12.1K1 -
LIVE
GritsGG
3 hours agoRumble Customs! 3515 Ws! 🫡!
97 watching -
LIVE
Wendy Bell Radio
7 hours agoThe Party Of Workers
6,778 watching