Многу ветуваат, а малку остваруваат: Политичарите да остават повеќе простор за децата
Многу ветуваат, а малку остваруваат: Политичарите да остават повеќе простор за да се слушне гласот на децата
05/06/2023
Правата на децата се многу важни и нивната заштита и унапредување треба да бидат приоритет за секоја европска држава – порача евроамбасадорот Дејвид Гир, на денешната конференција за промоција на правата на децата.
На настанот по повод 25-годишнината од канцеларијата на Народниот правобранител, евроамбасадорот говореше за поддршката од ЕУ за создавање простор за детските права.
-Правата на децата и нивната потреба од заштита е приоритет на Европската унија, бидејќи децата и младите се столбот на иднината. Многу често децата не се дел од носењето на политиките, политики кои ги носиме без да ги консултираме, затоа нашите чекори се насочени кон овозможување на услови за нивна максимална вклученост, порача Гир.
viber slika
Менталното здравје на децата, како што потенцираше, е под влијание на дигиталната технологија и поради тоа се креираат програми кои имаат за цел на децата да им овозможат едукација за користење на можностите коишто ги нуди технологијата.
Според Гир, ваквите настани се од големо значење оти се потсетник за сите досегашни достигнувања и сите цели кои треба во иднина да бидат остварени.
Народниот правобранител Насер Зибери, пак, во своето обраќање се осврна на работата на канцеларијата на Народниот правобранител во заштитата на човековите права изминатите години.
-Народниот правобранител стручно и професионално се залага за правата на децата. Овие права се многу важни, затоа иституцијата крајно внимателно пристапува кон нив. Морам да истакнам дека посебно сме горди на истражувањата кои ги правиме и понатаму се користат за законски измени, кои имаат за цел унапредување на правата на децата – изјави Народниот правобранител Зибери.
Додаде дека посебен придонес за децата, Народниот правобранител дал во време на пандемијата преку поддршка на училиштата.
Во панел дебатата учествуваа и претставници на сите вклучени организации кои се осврнаа на различни аспекти на состојбата со правата на децата во земјата.
Сузана Киранџиска, директорка на Фондацијата „Чекор по чекор“ се осврна на училиштата и нивната улога во спречувањето на насилството, како и во промоцијата на детските права.Според неа, училиштата можат да направат многу за да го спречат насилството
-Ние во нашето Здружение сметаме дека една добра квалитетна образовна програма е онаа која вклучува инклузија, почитување на демократијата и различностите за да може секое дете да го оствари својот потенцијал. Сето ова што се случува во нашето општество и последните настани во соседството направи да ги отвориме очите и да размислуваме како да ги заштитиме децата од насилство. Наша задача и задача на училиштата е не со зборови, туку со дела да ги покаже вистинските вредности кои треба да ги следат, оцени таа.
Претседателот на Прва детска амбасада во светот„Меѓаши“, Драги Змијанац, рече дека локалните самоуправи треба да учествуваат многу повеќе во процесот на унапредување и креирање на политиките.
-Она што е мој фокус е општини каде ќе се овозможи за децата прикладно место за раст и развој и општини кои ќе се посветат максимално. Навистина политичарите многу чесно ветуваат, а тешко остваруваат. Она што мене реално ме загрижува е на локалните избори се ветуваат многу работи, но никој не размислува во каква состојба се наоѓаат децата. Многу треба да се работи од страна на општините, недостасува стратешки план ние направивме, но тој сè уште не стигна до советничка структура.
Им порача на политичарите да остават повеќе простор за глас на децата, наместо да го узурпираат со нивни политички говори.
Покрај присутните градоначалници и претставници на локалните самоуправи на Дебар, Гостивар, Кисела Вода, Велес и Виница, како и директори и други претставници на партнерски училишта, на дебатата учествуваа и ученици од неколку средни училишта од Скопје.
Настанот е во организација на Делегацијата на ЕУ во соработка со партнерските организации Фондација за образовни и културни иницијативи „Чекор по чекор“, Првата детска амбасада во светот „Меѓаши“ и Центарот за семејна и грижа за децата КМОП Скопје, како и Канцеларијата на Народниот правобранител.
-
LIVE
Matt Kohrs
14 hours agoGameStop Plummets, Bitcoin on Edged & Trading $1M || The MK Show
1,820 watching -
LIVE
MTNTOUGH Fitness Lab
23 hours agoDR. ANDY GALPIN: Unlocking Elite Performance: Mental & Physical Mastery
969 watching -
LIVE
2 MIKES LIVE
3 hours agoThe Mike Schwartz Show 06-18-2024
135 watching -
38:52
Rethinking the Dollar
57 minutes agoSigns of The Economy Rolling Over: Bad News for the Auto Industry | Tuesday Morning Check-In w/ Mike
7033 -
1:47:14
The Podcast of the Lotus Eaters
5 hours agoThe Podcast of the Lotus Eaters #939
18K5 -
LIVE
Wendy Bell Radio
6 hours agoDon't Trust Your Lying Eyes
10,600 watching -
10:00
Tyler Monagan
20 hours agoWorlds Fastest ELECTRIC SUPERMOTO!! 80HP Stark Varg (+100mph)
19.5K5 -
19:41
DepressedGinger
15 hours ago*WOW* Dems starting to *ABANDON* Biden, admit he's too old
36.1K38 -
39:17
Andy Frisella
15 hours agoHow Self-Forgiveness Paves the Way to Success - Ep 727 Q&AF
28.3K13 -
6:56
Chrissy Clark
16 hours agoU-Turn Signs Are Homophobic?!
22.7K98