TV TELMA Pridruzete se!Prvavo na obrazovanie SEGA!! ПРИДРУЖЕТЕ СЕ !ПРАВО НА ОБРАЗОВАНИЕ СЕГА!

1 year ago
6

TV TELMA Pridruzete se!Prvavo na obrazovanie SEGA!!

МЕЃУНАРОДНАТА НЕДЕЛА НА АКЦИЈА 2007 (23-29 АПРИЛ)
ПРИДРУЖЕТЕ СЕ !ПРАВО НА ОБРАЗОВАНИЕ СЕГА!

Првата Детска амбасада во светот - МЕЃАШИ во рамките на светската глобална недела за акција за вклучување на децата во образованието ја спроведува кампањата ,,Придружете се! Право на образование СЕГА”. Кампањата започнува од утре 23ти април и ќе се спроведува во над 100 земји во светот.

Целта на Неделата на акција е да ги алармира светските влади за алармантната состојба со исклученоста на децата од системот на образование. Поточно, во светот 80 милиони деца не одат на училиште! Во Република Македонија бројката на деца кои не се вклучени во училиштата е над 18.000!

Централните настани во еднонеделната кампања се:

· Видео спот. Во Неделата на акција очекуваме дека медиумите секојдневно ќе го прикажуваат видео спотот што го подготвивме со верба дека на тој начин ќе влијаеме на подигање на свеста за виталното значење на квалитетното образование за сите, како и одговорноста на владата, локалната самоуправа, основните училишта и семејствата во постигнување на таа цел. Клипот е снимен во три верзии (на македонски, албански и ромски јазик) и трае 18 секунди.

· Најдолгиот ланец во светот. Децата ученици од Македонија ќе им се придружат на децата од целиот свет со формирање на „Ланец“ односно држејќи се за раце во солидарност со децата на кои им е ускратено правото на образование! Тие деца симболично ќе бидат прикажани како „другарчиња” направени од картон. Ланецот ќе се прави на повеќе локации низ Републиката, на плоштадите и околу самите училишта, а во акцијата треба да се приклучат и повеќе јавни личности. Ги повикуваме сите училишта да ни се придружат на 27 април во 12 часот да го направиме Најголемиот ланец. За точните локации за оддржување на насатаните ќе Ве информираме дополнително.

преземете го упатсвото за формирање на ланецот
(PDF 2,21 MB)

Оваа година за првпат кампањата (ланецот) ќе се документира со видео запис од хеликоптер и тоа во градовите Скопје, Тетово, Велес и Куманово, а истовремено ќе се фрлаат и летоци кои ќе ги поттикнат децата да се солидаризираат и да размислуваат за правото на образование како право на секое дете без изклучок. Министерството за внатрешни работи на Република Македонија ја помага акцијата со бесплатна дистрибуција на летоците кои ќе се врлаат од хеликоптер во наведените дестинации.

Акцијата ја поддржуваат и Global March Against Chlid Labour и Космофон, како и многубројни домашни граѓански организации, општини и училишта. Информација за неделата на акција е упатена до сите основни училишта и очекуваме да ни се приклучат.


Дел од

Loading comments...