Децата треба да ги дознаат биолошките родители Изјава Драги Змијанац

1 year ago
13

ПОСВОЕНИТЕ ДЕЦА ТРЕБА ДА ИМААТ ПРАВО ДА ГО ДОЗНААТ ИДЕНТИТЕТОТ НА БИОЛОШКИТЕ РОДИТЕЛИ: Се иницираат измени на Законот за семејство
М-р Драги Змијанац, претседател и основач на Првата детска амбасада во светот „Меѓаши“, истакна дека недозволиво е Законот за семејство да биде спротивен на интересите на детето.

„Според член123-а од Законот за семејство, се штити тајноста на родителот, а не се штити најдобриот интерес на детето. Како може да има тајни во современиот комуникациски свет? Во денешно време е невозможно. Неправда е Законот за семејство да ги штити родителите, а да ги држи во заложништво посвоените деца. Тоа е и дискриминација на овие деца. Затоа и нашиот став е дека детето треба да ги знае своите родители. Тоа,впрочем, го пропишува и член 7 од Конвенцијата за правата на детето, но тоа се и препораките на Комитетот за правата на детето“, истакна Змијанац.

Низ практиката, образложи Змијанац, имало ситуации кога посвоени деца по многу години ги наоѓаат своите родители и со тоа со ништо не наштетиле на родителите штогипосвоиле. Имено, вели Змијанац, биолошките родители не се исклучуваат со родителите штопосвојуваат.

„Важен е семејниот код, но важен е и генетскиот код. Како да не поддржиме иницијатива кога група граѓани си ги бараат своите биолошки родители. Ние секогаш ќе поддржиме иницијативи за законски измени и воспоставување практика која е во најдобар интерес на детето. Треба да се нагласи дека доколку посвоеното дете нема право и можност да ги дознае своите родители, тоа не само што е во спротивност со најдобрите интереси на детето и меѓународното право, туку претставува и класично структурно насилство и тортура“, подвлече Змијанац. https://akademik.mk/posvoenite-deca-treba-da-imaat-pravo-da-go-doznaat-identitetot-na-bioloshkite-roditeli-se-initsiraat-izmeni-na-zakonot-za-semejstvo/

Loading comments...