Premium Only Content

Активација Портал на светлината ~ Macedonian promotional video
Ова е најмоќната планетарна активација во нашите животи до сега!
Бранот на порталот на светлината ќе почне да се чувствува веќе на 23-ти март, кога Плутон ќе влезе во Водолија за прв пат по повеќе од 200 години, ќе го достигне својот врвен интензитет на 1-ви мај кога Плутон ќе стане ретрограден, а потоа полека етапно ќе излегува до 11-ти јуни кога Плутон ќе излезе од Водолија.
Затоа, активацијата “портал на светлината” ќе ги донесе енергиите од ерата на Водолија на следно ниво.
Исто така, во моментот на активацијата, Плутон ќе направи прецизен голем тригон со Алкион (нашето локално централно сонце во Плејадите) на 0 степени 18 минути во Близнаци и галаксијата М87 (главна галаксија во соѕвездието Девица, како извор на галактичка љубов за овој сектор на универзумот) на 1 степен 14 минути во Вага. Овој грандиозен тригон ќе донесе исклучително моќни енергии на космичка љубов на планетата и тоа ќе биде активација што ќе им овозможи на енергиите од галактичкиот центар да почнат слободно да течат кон нашата планета. Блесокот на космичките љубовни енергии ќе потекнува од галаксијата М87 во соѕвездието Девица и ќе биде многу помоќен од блесокот што стигна до Земјата од M87, за време на активирањето на порталот АИОН.
Исто така, ќе биде помоќен од блесокот што се случи за време на последното активирање на ерата на Водолијата.
Овој грандиозен тригон ќе биде активен во текот на целиот период кога Плутон е во Водолија, од 23-ти март до 11-ти јуни. Плутон во Водолија ќе означи фокусиран напор на позитивните вонземски раси за “прв контакт”, а Плејаданците ќе имаат многу активна улога во тоа.
Ние ќе ја правиме нашата медитација “Портал на светлината” во најдобриот можен миг што ќе има максимален позитивен ефект врз човештвото. Тоа е 10:06 часот на 1-ви мај во Лос Анџелес. Тоа е еднакво на 11:06 часот во Денвер, 12:06 часот во Чикаго, 13:06 часот во Њујорк, 18:06 часот во Лондон, 19:06 часот во Париз, 20:06 часот во Каиро, 1:06 часот на 2-ри мај во Тајпеј и Пекинг, 02:06 часот на 2-ри мај во Токио и 3:06 часот по полноќ на 2-ри мај во Сиднеј.
Инструкции (препорачаното време за нашата медитација е 20 мин):
1. Користете ваша сопствена техника, за да се доведете до релаксирана состојба на свеста.
2. Насочете ја вашата намера да ја искористите оваа медитација како средство што ќе помогне во отворањето на порталот на светлината.
3. Повикајте го виолетовиот пламен од неговиот примарен извор за да поставите круг на заштита околу вас за време и после медитацијата. Побарајте од него да преобрази сè што не ѝ служи на Светлината.
4. Визуелизирајте столб од блескава бела светлина што произлегува од космичкото централно сонце, а потоа се спроведува до централните сонца на сите галаксии во овој универзум, минувајќи исто така низ централното сонце на галаксијата M87. Потоа визуелизирајте ја оваа светлина како го активира галактичкото централно сонце, потоа поминува низ нашата галаксија, потоа влегува во нашиот сончев систем и поминува низ сите светлосни битија во нашиот сончев систем и потоа низ сите битија на планетата Земја и исто така преку вашето тело до центарот на Земјата.
5. Визуелизирајте ја оваа Светлина како ја преобразува целата преостаната темнина на Земјата, ги лекува сите нееднаквости, ги завршува сите војни, ја брише сета сиромаштија и носи изобилство на целото човештво. Визуелизирајте големо духовно будење на човештвото и контакт со позитивни вонземски раси. Визуелизирајте го новиот грандиозен космички циклус на почетокот на ерата на Водолија, носејќи чиста светлина, љубов и среќа на сите битија на Земјата.
Ажурирање на „Порталот на светлината”
http://2012portal.blogspot.com
Music: "I am Iron", "Irish Sunset" Royalty free music from https://www.FesliyanStudios.com
-
55:16
NAG Podcast
18 hours agoTiffany Gomas: BOLDTALK with Angela Belcamino
3.71K28 -
9:56
It’s the Final Round
13 hours ago💰NFL Week 4 Best Bets🔥Player Prop Picks, Parlays, Predictions FREE Today September 28th
2.07K -
LIVE
TheItalianCEO
2 hours agoFortnite WINS all day w/GlamourX
101 watching -
25:11
Stephen Gardner
18 hours ago🚨Trump has been trying to WARN US!!
91.5K139 -
51:41
X22 Report
5 hours agoMr & Mrs X - Tylenol Is The Start, All Roads Lead To The Vaccines, Chatter Amongst Big Pharma - Ep 9
109K35 -
LIVE
ttvglamourx
2 hours agoGLAMS DELULU FOR FORTNITE !DISCORD
95 watching -
35:24
The Rubin Report
22 hours agoThe Simple Rules to Fight Crime Blue Cities Choose to Ignore | Jay Collins
46.5K26 -
LIVE
BBQPenguin_
7 hours agoRivals Road to ELITE!
24 watching -
LIVE
RJTWIN
1 hour ago🔴LIVE - First Time Playing! | Halo 3 | Clean Content - !blerp !discord !rumbot
19 watching -
6:35:10
FyrBorne
13 hours ago🔴Warzone M&K Sniping: Modern Warfare Weapons That Still Cook in 2025
261K3