Драги Змијанац, претседател и основач на Првата детска амбасада во светот Меѓаши
На локалната конференција „Моето место на растење“ што денеска се одржа во Јуроп хаус во Велес Драги Змијанац, претседател на Првата детска амбасада „Меѓаши“ рече дека еден од сериозните предизвици што предизвика интерес, во едногодишното реализирање на проектот, е сознанието дека општините во државата не се вмрежени и имаат испреплетени ингеренции со централната власт.
Во своето воведно обраќање претседателот и основач на Првата детска амбасада во светот Меѓаши, Драги Змијанац кој ја истакна потребата од детектирање на вистинските потреби и проблеми на децата во локалната заедница и нивно конструктивно решавање во соработка со надлежните институции.
3
views
1
comment
„Амбер алерт“ во Македонија е во почетна фаза но во практика не би функционирал ефикасно
„Амбер алерт“ во Македонија е во почетна фаза но во практика не би функционирал ефикасно
Енџи Николоска 26.05.2024
Системот „Амбер Алерт“ во Сад функционира од 1996 година, по исчезнувањето на деветгодишното девојче Амбер Хагерман од Тексас, која била киднапирана додека возела велосипед, а потоа и убиена. Телото на Амбер, фрлено во поток, на околу десетина километри од паркингот каде Амбер била киднапирана го нашол случаен минувач пет дена по киднапирањето. Во Македонија пак, во овој момент го има системот за исчезнати деца во форма на веб страна „Најди ме“ и соработуваат со министерството за внатрешни работи, образование и наука како и труд и социјална политика. Првиот човек на детската амбасада Меѓаши во телефонски разговор за Тв 24 вели дека се создава заблуда дека „Амбер Алерт“ функционира во Македонија. Змијанац потенцира дека го известиле МВР уште во декември минатата година, но оттаму добиле одговор дека се уште немаат доволно информации за функционирањето на системот.
Од Меѓаши апелираат европскиот број за исчезнати деца 116000 да се усвои и кај нас. Велат сложена е постапката за овој систем, бидејќи треба да се најде мобилен оператор за линиите да бидат бесплатни и операторите да ги покријат услугите. Денеска, сајбер просторот е најголемата закана за киднапирање, сексуално злоупотребување на децата. Од детската амбасада алармираат дека и воспитно-образовниот процес треба да ја подигне свеста на поголема превенција.
„Детската амбасада Меѓаши е во контакт со својата партнерска организација од Србија, за исчезнати и злоставувани деца-директно со Игор Јуриќ татко на киднапираното девојче Тијана, по чија смрт се донесе и Тијаниниот закон и Амбер Алерт се донесе како систем во Србија. Од нив сме информирани дека Амбер Алерт подразбира и систем на процедури и формално правни акти со кои државата се обврзува да го спроведе системот на рано предупредување и алармирање до медиумите, банките, аеродромите, автобуски постојки, државен и прватен сектор за навремена дојава до надлежните и државни органи“, вели Драги Змијанац-основач и директор на првата детска амбасада Меѓаши.
Игор Јуриќ чија ќерка Тијана беше киднапирана и убиена дојде во Скопје по киднапирањетон на Вања. Тогаш в интервју за ТВ 24 истакна дека личната загуба била поттик за носење на таканаречениот закон на Тијана во 2015 година, со кој се воведе доживотен затвор за најтешките кривични дела. Порача дека случајот со Вања е аларм за итни чекори во заштитата и законодавството во Македонија.
Igor Jurić - Centar za nestalu i zlostavljanu decu
Со исчезнувањето на Данка Илиќ, за прв пат минатата година се активираше системот „Алберт Алерт“ во Србија. Хрватска пак, од 2022 година го има Нено аларм. Со исчезнување на дете, хрватските власти ја известуваат компанија Мета и преку социјалните мрежи информацијата стигнува до граѓаните на 60 километри од местото каде што детето последен пат е видено.
#MissingChildrensDay
9
views
Денеска е Меѓународниот ден на исчезнатите деца – во Европа годишно исчезнуваат 300 илјади деца.
Денеска е Меѓународниот ден на исчезнатите деца – во Европа годишно исчезнуваат 300 илјади деца.
Секоја година, почнувајќи од 1983. па до денес, 25 мај се одбележува во знак на сеќавање на децата кои што се исчезнати, децата коишто се повторно вратени кај своите семејства, како и со цел да се помогне во подигнувањето на свеста за овој глобален проблем.
Исчезнувањето и киднапирањето деца прерасна во секојдневен проблем со кој се соочуваат сите земји и на кој треба да му се посвети особено внимание од страна на претставниците на законот и владите ширум светот.
За жал како и многу земји во светот така и Македонија овој проблем не го смета за приоритет и согласно тоа нема развиено соодветни механизми за пронаоѓање на исчезнатите деца за кои постои висок ризик да бидат искористени за проституција, трговија со органи, питање и други најтешки форми на злоупотреба на деца.
Секоја земја треба да имплементира соодветни политики и закони за да ги заштити децата и нивното право да растат во безбедна животна средина. Еден таков систем е Амбер Алерт. Пред неколку месеци се обративме до МВР со прашањето дали во државата се спроведени сите формално правни процедури за воведување Амбер Алерт, за веродостојноста на информациите кои се појавија во медиумите дека системот е воспоставен... и во јануари 2024 добивме писмен допис во кој е наведено дека ,,Министерството не располага со релевантни податоци и информации по однос на истото" што значи дека ние како држава немаме се' уште Амбер Алерт. Затоа апелираме до Министерство за внатрешни работи / Мinistria e Punëve të Brendshme за што побрзо воспоставување на истиот, како еден од механизмите за поефикасна заштита на децата.
Од друга страна пак, подеднакво важно е децата да се научат како да се заштитат себе си, како и да се информираат за ризиците и опасностите со кои што може да се соочат. За да се оствари сето тоа, родителите и возрасните треба да одвојат време и да се посветат на едуцирање на децата за опасностите што демнат, како и за начините на кои можат да си помогнат себе си во таквите ситуации.
Друго, на официјалната веб страна на Министерството за внатрешни работи има објавено фотографии од исчезнатите деца и возрасни. Сметаме дека треба да се одвојат малолетните лица од возрасните за да се има јасна слика за децата кои се исчезнати.
Детската амбасада Меѓаши веќе неколку години наназад апелира за хармонизација и добивање на Европскиот број 116000 за заштита на исчезнати и киднапирани деца. Со добивањето и почнувањето со работа на овој број сметаме дека ќе бидеме уште подостапни за децата и родителите кои се соочуваат со ваков проблем. На ваков начин можеме уште поактивно да се вклучиме во постапките за заштита на деца од киндапирање и исчезнување, да бидеме во функција на преземање активности за пронаоѓање и враќање на исчезнати деца, намалување на сите облици на злоупотреба на деца и нивниот труд, како и активности со цел постојана заштита на правата на детето.
5
views
1
comment
Конференција во Гостивар: Треба да се направи се‘ за младите да останат во Македонија
Конференција во Гостивар: Треба да се направи се‘ за младите да останат во Македонија
За подобра иднина на децата и младите клучно е да се обезбедат услови за квалитетно образование и понатаму навремено вклучување во пазарот на трудот. Ова, меѓудругото беше истакнато на денешната Локална конференција „Гостивар – Општина посветена на децата“.
На настанот учествуваа претставници на локалната самоуправа, училиштата, невладини организации, млади и деца, а го организираше Првата детска Амбасада во светот Меѓаши.
„Ако децата не се задоволни од условите онаму кадешто живеат, учат секако дека ќе размислуваат да заминат. Квалитетното образование е клучно и нивното навремено вработување е неопходно за да ги задржиме и да им дадеме можност да бидат активни граѓани и креатори на политиките. Значи, образование од рана детска возраст, да нема листи на чекање во градинките, извод од матична книга на родени за секое дете, вклучување на сите деца во задолжително образование, прекин на малолетничките бракови, можност за задолжително средно образование и образованието да биде во функција на нивно навремено вработување, со цел да се искористат максимално нивните вештини и капацитети. Треба да се направи се‘ за младите не само да останат тука, Нивниот глас да биде слушнат, тие знаат многу, од децата многу може да се учи. Ним им треба само сигурен простор, можност за да дојдат до израз и да растат во општество во кое се негува не само правото на детето за образование, туку и можноста да биде активен граѓанин“, нагласи Драги Змијанац, претседател и основач на Меѓаши.
Градоначалникот на Гостивар, Арбен Таравари кажа дека како локална власт континуирано инвестираат во подобри услови за децата и младите.
„Во Гостивар изминатите 6 и полгодини доста е инвестирано и во градинките и во училиштата, како и во Младински центри. Мислам дека стоиме релативно добро, и предничиме во повеќето општини во Македонија. Ние сме меѓу ретките градови што направиле толку инвестиции и за децата со посебни потреби, веќе во сите училишта има услови за нив што се по сите стандарди. Секој проект што е наменет за деца и млади е добредојден, колку и да направиш за нив, никогаш не е доста.“, рече Таравари.
На конференцијата се дискутираше за теми кои ги засегаат децата и младите како што е врсничкото насилство, правата на децата со посебни потреби, решавање на проблемот со кучиња скитници, како и на важноста на соработката помеѓу училиштето и семејството.
Исто така, групи ученици преку цртежи опишаа како ја гледаат иднината во Гостивар и кои промени би сакале да се направат. Цртежите ги доставија до градоначалникот со задолжение нивните визии и желби да бидат приоритет при идните активности на општината.
7
views
Конференција во Гостивар: Треба да се направи се‘ за младите да останат во Македонија
За подобра иднина на децата и младите клучно е да се обезбедат услови за квалитетно образование и понатаму навремено вклучување во пазарот на трудот. Ова, меѓудругото беше истакнато на денешната Локална конференција „Гостивар – Општина посветена на децата“.
На настанот учествуваа претставници на локалната самоуправа, училиштата, невладини организации, млади и деца, а го организираше Првата детска амбасада во светот Меѓаши.
„Ако децата не се задоволни од условите онаму кадешто живеат, учат секако дека ќе размислуваат да заминат. Квалитетното образование е клучно и нивното навремено вработување е неопходно за да ги задржиме и да им дадеме можност да бидат активни граѓани и креатори на политиките. Значи, образование од рана детска возраст, да нема листи на чекање во градинките, извод од матична книга на родени за секое дете, вклучување на сите деца во задолжително образование, прекин на малолетничките бракови, можност за задолжително средно образование и образованието да биде во функција на нивно навремено вработување, со цел да се искористат максимално нивните вештини и капацитети. Треба да се направи се‘ за младите не само да останат тука, Нивниот глас да биде слушнат, тие знаат многу, од децата многу може да се учи. Ним им треба само сигурен простор, можност за да дојдат до израз и да растат во општество во кое се негува не само правото на детето за образование, туку и можноста да биде активен граѓанин“, нагласи Драги Змијанац, претседател и основач на Меѓаши.
Градоначалникот на Гостивар, Арбен Таравари кажа дека како локална власт континуирано инвестираат во подобри услови за децата и младите.
„Во Гостивар изминатите 6 и полгодини доста е инвестирано и во градинките и во училиштата, како и во Младински центри. Мислам дека стоиме релативно добро, и предничиме во повеќето општини во Македонија. Ние сме меѓу ретките градови што направиле толку инвестиции и за децата со посебни потреби, веќе во сите училишта има услови за нив што се по сите стандарди. Секој проект што е наменет за деца и млади е добредојден, колку и да направиш за нив, никогаш не е доста.“, рече Таравари.
На конференцијата се дискутираше за теми кои ги засегаат децата и младите како што е врсничкото насилство, правата на децата со посебни потреби, решавање на проблемот со кучиња скитници, како и на важноста на соработката помеѓу училиштето и семејството.
Исто така, групи ученици преку цртежи опишаа како ја гледаат иднината во Гостивар и кои промени би сакале да се направат. Цртежите ги доставија до градоначалникот со задолжение нивните визии и желби да бидат приоритет при идните активности на општината.
Конференција во Гостивар: Треба да се направи се‘ за младите да останат во Македонија
2
views
,,Кисела Вода - Општина посветена на децата" Изјава Драги Змијанац од Детската амбасада Меѓаши
ЛОКАЛНА КОНФЕРЕНЦИЈА „ КИСЕЛА ВОДА – ОПШТИНА ПОСВЕТЕНА НА ДЕЦАТА“
Локалната конференција во Кисела Вода се реализираше под мотото „Одлучувам, значи постојам“ од кое јасно се согледува нејзината цел. Таа е да се зајакнат капацитетите на индивидуално и институцијално ниво во контекст на унапредување на детските права преку вклучување на децата во процесот на одлучување.
Учесници од јавните детски градинки беа стручни соработници, воспитувачи и негователи. Од општинските основни училишта учествуваа одделенски и предметни наставници, стручни соработници, родители, ученици и раководни лица. Средните училишта на Град Скопје кои функционираат на територија на општина Кисела Вода беа застапувани од професори и ученици.
Групата на говорници беше хетерогена за да може да се согледаат јаките и слабите страни на многу чинители при почитувањето на детските права. Говореа на теми за кои се експерти и на разбирлив начин им пренесоа свои согледувања за останатите учесници. Поттикнаа плодна дискусија и креираа продуктивна атмосфера.
Како и што доликува Конференцијата беше отворена со поздравен говор од страна на Драги Змијанац-основачот и претседател на Првата детска амбасада во светот Меѓаши и Кристина Василеска-директорот на КМОП Скопје кои аудиториумот го запознаа со досегашните и идните активности со цел да се допринесе за развивање на Концептот Општини посветении на децата.
Претставник на општина Кисела Вода, г-дин Сашо Јовановски, советник за образование во кабинетот на градоначалникот даде осврт на многубројните проекти кои Општина Кисела Вода ги реализираше за унапредување на условите за работа и престој во градинките и училиштата, помошта за децата од семејства во социјален ризик и постојаната грижа за децата со посебни потреби.
Претставникот на општина Виница, г-дин Александар Јованов советник во општината, говореше за можноста за унапредување на меѓуопштинската соработка преку размена на идеи, реализација на заеднички проекти и меѓусекторско вмрежување во насока на создавање општини по мерка на децата.
Конференцискиот дел го отвори Весна Блажевска-социјален работник во ЈДГ Весели Цветови која говореше за раниот детски развој во поглед на почитување на детските одлуки и справувањето на семејството и вработените во јавните детски градинки со овој предизвик.
Следен говорник беше д-р на науки Благоја Петровски. Тој позиција на психолог направи анализа и укажа на различните начини на одлучување кај средношколците. Укажа на моментот дека младите луѓе се проактивни во трасирањето на својата иднина.
Советник Татјана Нанкова е член на Комисијата за образование и постојано донесува одлуки кои Кисела Вода ја прават општина -пријател на децата. Меѓудругото посочи дека средината во која живеат и работат децата е разубавена со многу спортски терени и детски катчиња со соодветна урбана опрема која одговара на детските потреби .
Данијела Петрушевска, проектен координатор во кабинет на Градоначалник говореше дека со сигурност децата ќе земат активно учество во процесот на изработка на Интегриран Локален Развоен План на Општина Кисела Вода преку средби со децата од кои продукт ќе бидат SWOT анализи врз кои што ќе се темелат планирањата.
Соработката меѓу Народниот правобранител и општините во насока на унапредување на правата на детето беше тема за која осврт даде Заменик-народниот правобранител Васка Бајрамовска Мустафа. Таа исцрпно ги пренесе своите искуства и сподели ставови од кои стана јасно дека соработка постои, но истата мора да се развива и унапредува.
Најдобриот наставник на регионално, државно и интернационално ниво, Весна Бошковска работи во ООУ Кирил Пејчиновиќ. Таа си постави за цел учесниците да ги запознае или потсети за формите на ученичкото организирање во основните и средните училишта и застапувањето на правата на децата/младите.
Ученичката Теа Стојановска е втора година во СЕПУГС Васил Антевски Дрен. Нејзина тема беше врсничкото насилство и улогата на младите во справување со него. Во своето излагање направи разлика во видовите насилство и нивната застапеност. Потенцираше дека младите мора да стекнуваат вештини за правилно справување со насилството.
Кога детето-насилник ќе направи престап и ќе се судри со законот, тогаш Судија за деца Весна Костова Спасеска мора да донесе пресуда. Таа говореше за хуманото и нехуманото третирање на детското престапништво во заедницата. Овој предизвик е многу голем и за негово надминување е потребна системска поддршка.
Улогата на семејството е значајна и за тоа како, во семејството, се развиваат стратегии за поттикнување на човековите права говореше Мирјана Геговска Грујоска. Таа е социјален работни и член на Локалниот совет за социјална заштита. Од нејзиното излагање можеше да се заклучи дека семејствата треба да се темел на демократијата во заедницата.
Учениците –волонтери, покрај останатите задолженија, изработуваа цветови и пратија порака за унапредување на детските права преку презентирање на заклучоците од одржанит
8
views
КОНФЕРЕНЦИЈА „ ДЕБАР – ОПШТИНА ПОСВЕТЕНА НА ДЕЦАТА“ Канал 3 , прилог на македонски јазик
ЛОКАЛНА КОНФЕРЕНЦИЈА „ ДЕБАР – ОПШТИНА ПОСВЕТЕНА НА ДЕЦАТА“
Локални власти, претставници на воспитно – образовниот кадар, млади и деца од општина Дебар беа главните говорници на Локалната конференција „Дебар – Општина посветена на децата“.
Оваа конференција имаше за цел да промовира инклузивна и поддржувачка средина за децата со споделување на веќе постоечки позитивни практики за детско учество во општината Дебар. Како гостин на конференцијата учествуваше и општината Гостивар која исто така е вклучена во проектот „Место за растење: Општини посветени на децата“.
Конференцијата беше отворена со поздравен говор од страна на Градоначалникот на општина Дебар, Хекуран Дука, Драги Змијанац - Претседател и основач на Прва детска амбасада во светот МЕЃАШИ и Кристина Василеска, Директорка на Центар за семејно и детско згрижување КМОП Скопје.
Во првиот дел од конференцијата се обратија повеќе панелисти. Претставникот на училишниот парламент, Зог Фетаху даде посебен акцент на начинот на кој тие се вклучени во донесувањето одлуки, колку се важни овие одлуки и искуството од одлучувањето во училишниот парламент. Претседателот на Прва детска амбасада во светот Меѓаши, Драги Змијанац, се задржа на важноста на учеството на децата во процесите на донесување одлуки, говореше за неговото досегашно учество во локалното одлучување и даде идеи како општините можат да ги вклучат децата и младите во носењето одлуки.
Градоначалникот на општина Дебар, истакна дека општината е секогаш подготвена да ги отвори вратите во однос на секоја тема поврзана за децата, а пред се, посебен акцент даде на квалитетното образование, подобрите услови во училишта и безбедно училиште, повеќе зелени површини и чиста околина.
Клучната сесија на конференција вклучуваше и теми кои се актуелни кај децата и младите како што е врсничкото насилство, додека посебен акцент беше ставен и на темите за емоционалната интелигенција и падот на менталното здравје кај тинејџерите, како и на важноста на соработката помеѓу училиштето и семејството.
Младите и децата имаа носечка улога на оваа локална конференција. Беа присутни ученици од три основни училишта, кои преку цртеж опишаа како ја гледаат иднината во нивниот град. Цртежите ги доставија до Градоначалникот на општина Дебар давајќи му задолжение истите да бидат приоритет при идните активности на општината.
Оваа конференција претставуваше уникатна и несекојдневна можност да се слушне и научи од искуствата и практиките помеѓу локалните самоуправи а воедно и да се споделат визиите, предизвиците и можностите на општините во насока на промовирање, остварување и заштита на правата на децата.
По конференцијата се одржа и локална панел - дискусија составена од претставници на локалните власти, воспитно - образовниот кадар и други чинители во рамки на општината. Панелот ќе биде посебно тело во рамките на општината, кое ќе обезбеди структурирана и фокусирана работа поврзана со правата на децата и донесувањето на локалните стратешки планови, и ќе овозможи креирање на стратешки план за општина Дебар со цел унапредување на правата на децата и нивно вклучување во локалното планирање.
ЛОКАЛНА КОНФЕРЕНЦИЈА „ ДЕБАР – ОПШТИНА ПОСВЕТЕНА НА ДЕЦАТА“ Канал 3 , прилог на македонски јазик
9
views
Изјава Драги Змијанац. Потребен е фокус на институциите за справување со проблемите на младите
Изјава Драги Змијанац. Потребен е фокус на институциите за справување со проблемите на младите
1
view
32 години посветеност на каузата: „ДЕЦАТА СЕ САМО ДЕЦА
🥳32 години посветеност на каузата: „ДЕЦАТА СЕ САМО ДЕЦА. СИТЕ ИДЕАЛИ НА СВЕТОТ ПОБЕЗНАЧАЈНИ СЕ ОД СОЛЗИТЕ НА ЕДНО ДЕТЕ.”
🤩По повод 29 АПРИЛ - денот кога е основана ПРВАТА ДЕТСКА АМБАСАДА ВО СВЕТОТ МЕЃАШИ, прашавме дел од тимот што за нив претставува Детската амбасада Меѓаши.
🥰А бидејќи одговорите топлат срца, решивме истите да ги претвориме во видео кое ќе остане траен белег во долгогодишното работење на Меѓаши.
🥳До следен роденден, среќен роденден МЕЃАШИ! 🥳
Прва детска амбасада Меѓаши / First Children's Embassy Megjashi
First Children's Embassy in the World Megjashi Republic of Macedonia
AloBushavko / Телефон за деца и млади 070390632
#Megjashi #Меѓаши
55
views
Ало Бушавко-Телефон за деца и млади и Улогата на родителите во справувањето со училишното насилство
Ало Бушавко - Телефон за деца и млади 070390632 и прирачникот ,,Улогата на родителите во спречувањето и справувањето со училишното насилство"
8
views
1
comment
Реакции за злоупотреба на деца во кампањата на СДСМ
Реакции за злоупотреба на деца во кампањата на СДСМ
Љубиша Владимирова ТВ АЛФА прил 19, 2024
СДСМ злоупотребува деца за политички цели и покрај предупредувањата од АВМУ, политичките партии и претседателските кандидати да не лиферуваат спотови во кои има малолетници. Сепак во последните неколку денови на социјалните мрежи се врти видео платено од СДСМ и коалицијата во кое учествуваат деца. Од Првата детска амбасада „Меѓаши“ порачуваат дека младите помали од 18 години не смеаат да се злоупотребуваат во предизборна кампања. Посочуваат дека вклучувањето на децата во политичка кампања е спротивно на Конвенцијата за правата на децата, според која, тие треба да бидат заштитени од сите видови на злоупотреби и манипулации и апелираат медиумите да одбиваат емитување на платени политички пораки доколку во нив се врши злоупотреба на децата за политички и партиски цели.
Познавачите велат дека грижата за децата треба да се остварува преку обезбедување законски и институционални услови за нивен правилен раст, развој и воспитание и грижа за отстранување на изворите на ризици и дека се останато претставува нивна злоупотреба и повредување на нивните права.
Инаку пред десетина Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги апелираше до радиодифузерите да престанат да ги емитуваат спотовите на претседателските кандидати Стево Пендаровски и Бујар Османи, каде се појавуваат малолетници, а од учесниците во изборната кампања побара да ја усогласат содржината на платеното политичко рекламирање со законска регулатива.
Љубиша Владимиров
3
views
ИЗВЕШТАЈ: „АЛО БУШАВКО“ СО 307 ДОЈАВИ ЗА ПРОБЛЕМИТЕ НА МЛАДИТЕ ПОВРЗАНИ СО МЕНТАЛНО ЗДРАВЈЕ
ИЗВЕШТАЈ: „АЛО БУШАВКО“ СО 307 ДОЈАВИ ЗА ПРОБЛЕМИТЕ НА МЛАДИТЕ ПОВРЗАНИ СО МЕНТАЛНО ЗДРАВЈЕ, ПОВРЕДА, СЕМЕЈНИ ОДНОСИ И ПРИСТАПНОСТ
Вкупно 307 дојави за проблеми со ментално здравје, повреда, семејни односи и пристапност, во кои се опфатени 379 млади изминатата година, се дел од годишниот извештај „Ало Бушавко“ на Првата детска амбасада „Меѓаши“. Десет од дојавите, како што информираа на денешната презентација на извештајот, се однесувале на мисли за одземање на сопствениот живот.
Во воведните обраќања, Клементина Добревска, координаторка на СОС телефонот, ги образложи бројките од извештајот при што информираше дека во текот на 2023 годинапо добиените дојави се остварени 619 разговори.
Според возрасната група, најмногу од дојавите се однесувале на деца на возраст од 13 до 15 години, потоа од 10 до 12 и на трето место по зачестеност на дојавите се за деца на возраст од 7 до 9 години. Возраста не е позната за 212 деца.
Според средината на живеење на јавувачите, најголемиот број од децата, или 197, живеат во урбана средина, 33 деца се опфатени со дојавите од дојавувачи кои живеат во рурална средина, непозната е средината на живеење на 149 деца кои се опфатени со дојавите. Бројот на јавувачите од руралните средини, како и во претходните години, останува многу мал во однос на бројот на јавувачите од урбаните средини.
Во однос на етничката припадност на јавувачите, 230 од вкупниот број јавувачи се Македонци, 14 Роми, а 33 јавувачи се од албанска етничка припадност. Само 2 од контактите (дојавите) се од јавувачи во останати (етнички групи) и за 26 лица не е позната етничката припадност.
Причините заради кои се обратиле на „Ало Бушавко“, пак, се однесуваат на ментално здравје, повреда, семејни односи и пристапност, а во поретки дојави има и други причини за дојава.
Во рамките на менталното здравје, најголем дел од дојавите се однесуваат на емоционална вознемиреност - проблеми со гнев, страв и вознемиреност, проблеми со расположение кои се јавуваат како последица од другите категории на проблеми пријавени на „Ало Бушавко“.
Во однос на повреда, поголем дел од дојавите се однесуваат на проблеми од категоријата на ментално/емоционално насилство, физичко насилство и занемарување (негрижа).
Во делот на семејни односи, дојавите се однесуваат на проблеми и прекршување на правата што спаѓаат во категоријата семејни односи, а во врска со пристапноста, има опфатено повеќе категории проблеми и тоа пристап до образование, основните (суштински) потреби што не им се достапни на децата и проблеми со пристап до здравствена заштита, правни услуги и социо-економски услуги.
Според извештајот, изминатата година е зголемен бројот на дојави за самоубиствени мисли и самоубиство.
Прес Ало Бушавко дојави
Како што информираше денеска Драги Змијанац, извршен директор и основач на Прва детска амбасада во светот „Меѓаши“, изминатата година, за само два месеци имало десет дојави за самоубиство од млади.
- Нам ни беше голем предизвик како да постапиме, што да сториме. Стапивме во контак
5
views
Megjashi alarmon për gjendjen psikologjike të fëmijëve në Maqedoni,
Megjashi alarmon për gjendjen psikologjike të fëmijëve në Maqedoni, për 2 muaj janë paraqitur 10 fëmijë që kanë mendime për vetëvrasje
Megjashi alarmon për gjendjen psikologjike të fëmijëve në Maqedoni, për 2 muaj janë paraqitur 10 fëmijë që kanë mendime për vetëvrasje
Para 7 ore
Këto pamje në rrugët e kryeqytetit janë përditshmëri. Shpesh shohim foshnja e fëmijë të vegjël që keqpërdoren nga prindërit për të kërkuar lëmoshë. Një prind ndan përvojën kur kishte dashur të paraqesë një rast për maltretim të një foshnjeje dhe thotë se asnjë nga telefonat nëpër institucione që kishte rënë, nuk kishte marrë përgjigje, përveçse në Megjashi. Me çka ajo konkludon se në vendin tonë institucionet nuk veprojnë sa duhet në lidhje me paraqitjen e dhunës ndaj fëmijëve.
“Kisha një situatë para një jave dhe provova të thërras në telefon nëpër disa shërbime tona sociale, në Ministrinë e Punës dhe Politikës Sociale dhe të paraqes “lëmoshë”, gjegjësisht maltretim të një foshnjeje në semafora, ishte foshnje gjashtë muajshe dhe një tjetër një ose dy vjet. Më besoni se nuk hasëm në përgjigje, mbetën memec, në asnjë telefon që cingrova nuk mora përgjigje e të vetmit ishin Megjashi”, tha Valentina Krsteva – prind.
Vetëm për dy muaj vitin e kaluar në ambasadën e fëmijëve Megjashi janë paraqitur 10 fëmijë që kanë mendime për vetëvrasje. Ndërkaq në raportin vjetor të 2023 të “Alo Bushavko” të “Megjashit” janë gjithsej 307 paraqitje për probleme me shëndetin mendor, lëndime dhe marrëdhëniet familjare.
“Në 2023 kemi pasur 307 paraqitje me të cilët kemi bërë 619 telefonata, numri total i fëmijëve është 379, prej të cilëve 117 janë meshkuj, 107 janë femra dhe për 156 nuk e dimë gjininë”, theksoi Klementina Dobrevska – koordinatore e telefonit SOS.
Dragi Zmijanac, kryetar i Megjashit bën apel deri tek institucionet kompetente për intervenim serioz, sepse siç thotë shëndeti mendor është rrënuar dukshëm te fëmijët viteve të fundit e këtë e tregojnë raportet e ambasadës.
“Vlerësojmë se MASh dhe Ministria e Shëndetësisë duhet ta marrin seriozisht mesazhin nga Ambasada e parë e fëmijëve dhe “Alo Bushavko” që punon 30 vite dhe është i qasshëm 24 orë, të angazhohen dhe me përkrahjen tonë dhe të Odës së psikologëve të bëjnë protokoll, udhëzues, doracak se si shërbimet profesionale, arsimtarët dhe psikologët në kopshte etj., që të veprojnë si duhet dhe të mos vjen deri te marrja e jetës nga pakujdesia e institucioneve”, theksoi Dragi Zmijanac – kryetar i ambasadës së parë të fëmijë “Megjashi”.
Sipas grupmoshës, shumica e raportimeve kanë të bëjnë me fëmijët e moshës 13 deri në 15 vjeç, pastaj 10 deri në 12 vjeç dhe në vendin e tretë për nga numri i raportimeve janë fëmijët e moshës 7 deri në 9 vjeç./TV21/
15
views
Меѓаши алармира за психолошката состојба на децата
Меѓаши алармира за психолошката состојба на децата
Првата детска амбасада Меѓаши алармира за психолошката состојба во која што се наоѓаат децата. За два месеци на нивниот телефон Ало Бушавко добиле 10 повици од деца со самоубиствени мисли. Вкупниот број на дојави надминува 300, бројка со која што сметаат дека институциите треба сериозно да интервенираат.
6
views
1
comment
За 2 месеци 10 деца со самоубиствени мисли побарале помош на телефонот за деца и млади Ало бушавко.
За 2 месеци 10 деца со самоубиствени мисли побарале помош на телефонот за деца и млади Ало бушавко.
8
views
Меѓаши: Младите треба отворено да зборуваат ако имаат суицидни мисли
Меѓаши: Младите треба отворено да зборуваат ако имаат суицидни мисли
На телефонската линија на Меѓаши за деца и млади Ало Бушавко лани за само два месеца се јавиле 10 деца кои имале суицидни мисли
16 април 2024
Фото: Мета.мк
Потребна е поголема поддршка од институциите за негување на детското ментално здравје, а сите треба да учествуваме во детабуизирање на темата.
Ова беа заклучоците на денешното презентирање на наодите на ланската работа на „Ало Бушавко“ – телефонска линија за поддршка за деца и млади, која Првата детска амбасада во светот Меѓаши го води 30 години. Телефонскиот број е 070390632 и е достапен 24 часа во денот, а може да се посети веб-сајтот на „Ало Бушавко“, каде може да се комуницира онлајн со волонтерите на линија.
Во текот на 2023 година на „Ало Бушавко“ имало вкупно 307 повици. Најголем дел од дојавите дошле од деца од 13 до 15 години, а најчестиот проблем поради кој се јавувале децата бил емоционална вознемиреност, а потоа следеле нарушените семејни односи.
Загрижувачки, изминатата година во само два месеци тимот на Ало Бушавко добил 10 повици од деца со суицидни, односно самоубиствени, мисли. Најголем дел од повиците биле од деца од 13 до 15 години.
Психологот Јорданка Черепналкова Трајкоска вели дека во адолесценцијата често се јавуваат суицидните мисли поради тоа што станува збор за бурен период, полн со физиолошки хормонални промени, развивање на свеста, преиспитувања на самите себе, сомнежи за тоа дали сме сакани или сме некому товар или разочарување.
Черепналкова Трајкоска истакна дека е мит дека зборувањето за самоубиство може да поттикне самоубиство.
„Напротив, низ разговор ги кршиме стигмата и табуата и им помагаме на децата да ги видат другите можни начини како да се решат тие проблеми“, вели Черепналкова Трајкоска.
Во таа насока, Черепналкова Трајкоска вели дека иако бројот на повици од деца со суицидни мисли од една страна е загрижувачки, од друга страна добро е што тие деца не се затвориле во себе и побарале помош. За време на нивните разговори, кои најчесто траат од 45-60 минути, најважно е децата да осетат дека некој се грижи за нив.
Бројот на деца со суицидални мисли бил изненадување и предизвик за Меѓаши. Тие ја исконтактирале Комората на психолози, но брзо сфатиле дека за овој сериозен проблем е потребна институционална помош, во форма на обуки и прирачници. Во државата не постои институција која интензивно ја обработува темата самоубиство. Најблиска СОС линија за самоубиство има во Србија.
„Ние како граѓанска организација може да детектираме состојби, да бидеме партнери, но не сме единствени кои можат да го решат проблемот. Тоа е работа и ингеренција на институциите и системот. За тоа се платени и за тоа треба да носат етичка одговорност“, вели Драги Змијанац, претседател и основач на Меѓаши.
Змијанац ја истакна важноста на улогата на училиштата во негувањето на безбеден простор за најмладите граѓани.
„Дете со нарушени семејни односи доаѓа на училиште со одредени трауми и никој тоа не го детектира и забележува. Што се случува со тоа дете? Кој ќе го слушне, со кого ќе разговара? Му треба сигурен соговорник, дали тоа соученик, наставник, воспитувач“, вели Змијанац.
На новинарско прашање околу тоа кои биле најчестите причини поради кои децата имале суицидални мисли, од Меѓаши истакнаа дека треба да се избегне тривијализација на самоубиството и да се разбере како комплексен психолошки процес – секоја приказна бара свое внимание и поддршка.
Черепналкова Трајкоска апелираше родителите да внимаваат во промени на однесувањата на своите деца и да комуницираат со нив, ставајќи акцент на прашањето – „Како си?“. Змијанац ги истакна претходните кампањи на Меѓаши како „Дали денес го гушнавте вашето дете?“, „Дали денес разговаравте со вашето дете?“ и „Дали денеска му кажавте на вашето дете колку го сакате?“.
На прес-конференцијата зборуваше и Јана Николовска, средношколка – волонтерка во Меѓаши која со ентузијазам раскажуваше за нејзините искуства во работата со деца од општината Шуто Оризари.
Валентина Крстева, која зборуваше како загрижен граѓанин, кажа дека е задоволна од тоа што Ало Бушавко е единствената СОС линија во државата која е постојано достапна, но истовремено искажа крајна разочараност што постои само една таква линија во државата.
11
views
Dhuna nga bashkëmoshatarët po ndodh gjithnjë e më shumë
Dhuna nga bashkëmoshatarët po ndodh gjithnjë e më shumë, promovohet Udhëzues për parandalimin në shkolla
Shkup, 11 prill – Dhuna nga bashkëmoshatarët po shfaqet gjithnjë e më shumë në forma të ndryshme, edhe pse nxënësit nuk e njohin dhe nuk reagojnë, kjo do të përsëritet dhe do të ketë gjithnjë e më shumë viktima të kësaj lloj dhune, theksuan nga Ambasada e parë e fëmijëve në botë “Megjashi” e cila sot ka promovuar Udhëzuesin për parandalimin dhe trajtimin e dhunës në shkolla.
“Nëse nxënësit nuk e njohin dhunën dhe nuk reagojnë ndaj saj, ajo do të përsëritet dhe do të ketë gjithnjë e më shumë fëmijë që janë viktima të dhunës. Udhëzuesi parandalues është një mjet tjetër, një mjet i mirë që ia rekomandoj edhe Byrosë së zhvillimit të arsimit, MASH, të jetë sa më qasës për të gjithë. Qëllimi është të njihet dhuna, të mos mbështetet, të reagohet në mënyrë të duhur dhe të mos jetë bashkëpunëtor”, theksoi kryetari dhe themeluesi i “Megjashit” Dragi Zmijanac.
Ai sqaroi se bëhet fjalë për këshilla praktike, duke pasur parasysh se ndonjëherë edhe fjalët mund të lëndojnë dhe të lënë trauma. Është e nevojshme, shtoi ai, që shërbimet profesionale të reagojnë me shpejtësi në mënyrë që të ketë një klimë solidariteti dhe empatie, që nxënësit të kenë besim tek ata dhe të raportojnë dhunën e mundshme. Stigmatizimi dhe viktimizimi shtesë i viktimave të dhunës, theksoi ai, ndodh kur dhuna regjistrohet dhe shpërndahet në rrjetet sociale në internet.
Svetlana Asprovska Todoroviq, psikologe e shkollës në SHMQSH “Georgi Dimitrov” tha se shërbimi profesional në shkollë duhet të veprojë si ndërmjetës mes mësuesve, prindërve dhe nxënësve.
Në pyetjen nëse zëri i nxënësve dëgjohet mjaftueshëm në shkolla dhe në shtëpi dhe çfarë i provokon nxënësit të shfaqin dhunë nga bashkëmoshatarët, Veronika Petrova mësuese në SHMQSH “Georgi Dimitrov” tha se dhuna e bashkëmoshatarëve buron nga ajo siç tha një sensi i ri të humorit, humorit të zi.
“Ekziston dhunë nga bashkëmoshatarët. Ndihemi të mbrojtur nga shërbimet profesionale, edhe pse, kryesisht, ka një shoqatë negative nga ana e të rinjve, kur bëhet fjalë për ato shërbime, se ato shërbejnë vetëm për të kritikuar nxënësit për arsye të ndryshme. Unë besoj se dhuna e bashkëmoshatarëve buron nga një sens i ri humori, humor i zi. Personalisht shërbimin profesional e shoh si një hapësirë të sigurt, ku të rinjtë mund të shprehin mendimet dhe problemet e tyre. Ato shërbime mund të ndihmojnë shumë”, tha Petrova.
16
views
„Водич за улогата на родителите во превенција и справување со насилство во училиштата“.
Вчера, беше промовиран „Водич за улогата на родителите во превенција и справување со насилство во училиштата“.
Ова значајно издание е креирано со цел да послужи како клучен ресурс за родителите и стручните служби во училиштата, нудејќи им практични совети и насоки за ефикасно справување со предизвиците поврзани со насилството во образовниот контекст.
,,Публикацијата е дизајнирана како алатка која ќе им помогне на родителите да ја разберат својата клучна улога во превенцијата на насилството и во создавањето подобра и побезбедна училишна средина за нивните деца. Опремен со детални упатства и препораки, верувам дека Водичот ќе придонесе во градењето здраво и поддржувачко училишно опкружување. Со оглед на тоа дека децата поминуваат меѓу 6 до 8 часа дневно во училиште, повеќе од 200 денови годишно, училиштето е исклучително значаен дел од нивниот живот. Времето поминато таму е драгоцено, искуствата и знаењето што се стекнуваат се од непроценлива вредност. Да потсетиме, училиштето не е само место на учење, туку е и синоним за пријателства, први љубови, комуникација... Токму затоа, квалитетот и безбедноста на училишниот живот се од суштинско значење за здравиот развој на секое дете“, изјави Драги Змијанац Dragi Zmijanac– претседател на Прва детска амбасада во светот Меѓаши.
,,Нашата амбиција со овој Водич е да придонесеме кон култивирање на училишни средини каде што секое дете се чувствува безбедно, заштитено и охрабрено да се развива до својот максимален потенцијал. Веруваме дека заедничките напори на родителите, стручните служби и училишниот персонал се крајно важни во процесот на создавање на опкружување каде што насилството е категорично отфрлено“, изјави Моника Илиоска Кантарџиоска Monika Ilioska Kantardjioska– раководителка на програми во Коалиција за младински организации – СЕГА Coalition of youth organizations SEGA
Катерина Златанова Попова Katerina Zlatanovska Popova како родител на две деца од средно училиште ги покани сите заинтересирани родители и професионалци да се запознаат со Водичот и да се приклучат кон напорите на Меѓаши за подигање на свеста и активно учество во креирањето на посветла и побезбедна иднина за децата.
Светлана Тодоровиќ Svetlana Asprovska Todorovik- училишен психолог во СУГС Георги Димитров како и Вероника Петрова – Претседателка на ученичкиот парламент во СУГС Георги Димитров и Јана Николовска – средношколка во СУГС Орце Николов и волонтерка во ПДАС Меѓаши, беа согласни дека денес семејството претрпува значајни промени во својата структура, функции и динамика, соочувајќи се со многубројни предизвици како сиромаштија, дискриминација, насилство, социјална исклученост и разводи. Но, независно од овие промени и предизвици, потребите на децата за љубов, грижа и внимание остануваат непроменети. Во овој контекст, училиштето се појавува како критична институција во животите на децата, место каде тие треба да наоѓаат безбедност и поддршка, околина која ќе ги охрабрува и ќе го стимулира нивниот развој и учење.
Реалноста денес нè поставува пред сериозен предизвик во контекстот на превенцијата и справувањето со насилството во училиштата. Честопати за жал училишните средини се претвораат во извор на стрес и траума. Насилството во училишната средина значително влијае врз децата, предизвикувајќи отсуство од настава, паѓање на училишниот успех, загуба на мотивација и чувство на страв и несигурност. Токму затоа, создавањето безбедни и ненасилни средини за децата не е само цел, туку и императив на современото општество.
Преку организирано и свесно дејствување кон менување на ставовите, рано препознавање и спречување на насилството, како и негување на позитивна атмосфера, ќе се изгради заштитна мрежа која ќе обезбеди помош и поддршка за сите ученици. На тој начин, училиштата ќе станат места каде се негува културата на ненасилство и се промовира безбедна средина за секое дете. На крајот, треба да се потсетиме дека нема поголема инвестиција од таа во добросостојбата и безбедноста на децата. Нивната сигурност и благосостојба се врвен приоритет!
Публикацијата е достапна на македонски, албански и турски јазик, во електронска форма.
Материјалот во оваа публикација е интерактивен и усогласен со домашните закони и меѓународните документи, инструменти и стандарди за заштита на децата и нивните права.
Проектот „Промоција на безбедна училишна средина" го спроведува Коалиција на младински организации СЕГА во партнерство со Прва детска амбасада Меѓаши / First Children's Embassy Megjashi, SmartUp - Social Innovation Lab и МЦГО - Македонски центар за граѓанско образование / МСЕС, а со поддршка на Детската фондација Песталоззи/Kinderdorf Pestalozzi.
23
views
„Водич за улогата на родителите во превенција и справување со насилство во училиштата“.
Вчера, беше промовиран „Водич за улогата на родителите во превенција и справување со насилство во училиштата“.
Ова значајно издание е креирано со цел да послужи како клучен ресурс за родителите и стручните служби во училиштата, нудејќи им практични совети и насоки за ефикасно справување со предизвиците поврзани со насилството во образовниот контекст.
,,Публикацијата е дизајнирана како алатка која ќе им помогне на родителите да ја разберат својата клучна улога во превенцијата на насилството и во создавањето подобра и побезбедна училишна средина за нивните деца. Опремен со детални упатства и препораки, верувам дека Водичот ќе придонесе во градењето здраво и поддржувачко училишно опкружување. Со оглед на тоа дека децата поминуваат меѓу 6 до 8 часа дневно во училиште, повеќе од 200 денови годишно, училиштето е исклучително значаен дел од нивниот живот. Времето поминато таму е драгоцено, искуствата и знаењето што се стекнуваат се од непроценлива вредност. Да потсетиме, училиштето не е само место на учење, туку е и синоним за пријателства, први љубови, комуникација... Токму затоа, квалитетот и безбедноста на училишниот живот се од суштинско значење за здравиот развој на секое дете“, изјави Драги Змијанац – претседател на Прва детска амбасада во светот Меѓаши.
,,Нашата амбиција со овој Водич е да придонесеме кон култивирање на училишни средини каде што секое дете се чувствува безбедно, заштитено и охрабрено да се развива до својот максимален потенцијал. Веруваме дека заедничките напори на родителите, стручните служби и училишниот персонал се крајно важни во процесот на создавање на опкружување каде што насилството е категорично отфрлено“, изјави Моника Илиоска Кантарџиоска – раководителка на програми во Коалиција за младински организации – СЕГА
Катерина Златанова Попова како родител на две деца од средно училиште ги покани сите заинтересирани родители и професионалци да се запознаат со Водичот и да се приклучат кон напорите на Меѓаши за подигање на свеста и активно учество во креирањето на посветла и побезбедна иднина за децата.
Светлана Тодоровиќ - училишен психолог во СУГС Георги Димитров како и Вероника Петрова – Претседателка на ученичкиот парламент во СУГС Георги Димитров и Јана Николовска – средношколка во СУГС Орце Николов и волонтерка во ПДАС Меѓаши, беа согласни дека денес семејството претрпува значајни промени во својата структура, функции и динамика, соочувајќи се со многубројни предизвици како сиромаштија, дискриминација, насилство, социјална исклученост и разводи. Но, независно од овие промени и предизвици, потребите на децата за љубов, грижа и внимание остануваат непроменети. Во овој контекст, училиштето се појавува како критична институција во животите на децата, место каде тие треба да наоѓаат безбедност и поддршка, околина која ќе ги охрабрува и ќе го стимулира нивниот развој и учење.
Реалноста денес нè поставува пред сериозен предизвик во контекстот на превенцијата и справувањето со насилството во училиштата. Честопати за жал училишните средини се претвораат во извор на стрес и траума. Насилството во училишната средина значително влијае врз децата, предизвикувајќи отсуство од настава, паѓање на училишниот успех, загуба на мотивација и чувство на страв и несигурност. Токму затоа, создавањето безбедни и ненасилни средини за децата не е само цел, туку и императив на современото општество.
Преку организирано и свесно дејствување кон менување на ставовите, рано препознавање и спречување на насилството, како и негување на позитивна атмосфера, ќе се изгради заштитна мрежа која ќе обезбеди помош и поддршка за сите ученици. На тој начин, училиштата ќе станат места каде се негува културата на ненасилство и се промовира безбедна средина за секое дете. На крајот, треба да се потсетиме дека нема поголема инвестиција од таа во добросостојбата и безбедноста на децата. Нивната сигурност и благосостојба се врвен приоритет!
Публикацијата е достапна на македонски, албански и турски јазик, во електронска форма.
Материјалот во оваа публикација е интерактивен и усогласен со домашните закони и меѓународните документи, инструменти и стандарди за заштита на децата и нивните права.
Проектот „Промоција на безбедна училишна средина" го спроведува Коалиција на младински организации СЕГА во партнерство со Прва детска амбасада Меѓаши / First Children's Embassy Megjashi, SmartUp - Social Innovation Lab и МЦГО - Македонски центар за граѓанско образование / МСЕС, а со поддршка на Детската фондација Песталоззи/Kinderdorf Pestalozzi.
2
views
1
comment
Врсничко насилство
Меѓуврсничкото насилство во голем дел од случаите потекнува од смејното насилство, односно децата го пресликуваат она што го гледаат дома. Според познавачите на оваа проблематика потребна е поголема едукација и за родителите и за децата, а поголеми чекори треба да се преземаат пред да се случи насилството, а не отпосле.
Ситуацијата со меѓуврсничкото насилство е алармантна. Регистрираните бројки во Министерството за внатрешни работи, укажуваат на тоа дека минатата година во училиштата се случиле 102 настани, од кои најмногу односно 40 биле регистрирани во Скопје. При насилничко однесување повредени се 61 ученик.
Мотивот најчесто бил непознат, а според локацијата најголем дел од настаните се случиле во училишниот двор, училницата, холот, а регистрирани се осум случаи во автобус или на автобуска постојка. Младите се жртви на меѓуврсничко насилство уште од најрана, предучилишна возраст, а во најголем број случаи истото се препушта на уште една обична детска игра.
Детската амбасада „Меѓаши“, го издаде Водичот за превенција и справување на насилство во училиштата и укажаа дека целта е да се препознава насилството, да не се поддржува, да се реагира соодветно и да не се се биде соучесник.
ИЗЈАВА Драги Змијанац-претседател и основач на Првата детска амбасада во светот „Меѓаши“
„Не се оди во стручна служба само кога ќе настане инцидент, туку веќе работат мултисекторски со центрите за социјална работа, бидејќи центрите за социјална работа се тие кои успеваат да детектираат проблем во однесувањето во одредени семејства и на тој начин успеваат да апелираат до воспитно-образовниот кадар, на некое дете да му се посвети посебно внимание за да се отргне од канџите на насилството“.
Родителите велат дека одгледуваат презаштитени деца и дека можеби всушност таму лежи проблемот, но и дека тие носат огромен дел од вината за тоа што се случува меѓу врсниците.
„Лично сметам дека емпатијата се гради и се пресликува. Децата учат од она што го гледаат од родителите и затоа сметам дека овој потег со водичот е одличен и некој да почне да не едуцира нас родителите.“ - вели Катерина Златановска Попова родител.
Учениците пак, велат дека меѓуврсничкото насилство потекнува од новата смисла за хумор, црн хумор.
„Од страна на родителите сметам дека едно нешто што ние како млади го бараме е најмногу од се поддршка, љубов и заштита. Ние истото го добиваме, но во некои оддели толку многу се чувствуваме заштитено што ние самите сакаме да бунтуваме. Од страна на стручните служби, се чувствуваме заштитено но има негативна асоцијација од страна на младите за стручната служба.“ - вели Вероника Петрова ученичка во СУГС ,,Георги Димитров”.
Стручните соработници пак, во училиштата велат дека тие треба да бидат медијатори меѓу наставниците, родителите и учениците, а не да на децата да им се вели дека доколку направиле нешто погрешно праќањето во стручна служба е всушност казна.
„Соработуваме со сите субјекти на училиштето и со родителите и со наставниците. Помагаме таму каде што има некој предизвик, кај детето за да се прилагоди подобро, да ги сфати границите, барањата од училиштето. Да најдеме заедничко нешто помеѓу тоа што очекува родителот од училиштето, што детето може да направи во училиштето и како со наставниците заедно да стигнеме до резултатот.“ - вели Светлана Аспровска Тодоровиќ училишен психолог во СУГС „Георги Димитров”.
Минатата година во МВР биле пријавени вкупно 1097 сторители на семејно насилство, од кои 42 жртви се ќерки, а 50 жртви се синови. Насилството се случува постојано, секаде и во различни форми се препознава, односно вербално, физичко, социјално, сајбер-малтретирање. На околина преостанува да го препознае, помогне и да се преземат соодветни мерки за да не се повтори.
5
views
Меѓуврсничкото насилство се повеќе се случува, промовиран водич за превенција во училиштата
Меѓуврсничкото насилство се повеќе се случува, промовиран водич за превенција во училиштата
Меѓуврсничкото насилство се повеќе се случува во различни форми, и ако учениците не го препознаат и не реагираат, тоа ќе се повторува и ќе има се повеќе жртви на овој вид насилство, посочуваат од Првата детска амбасада во светот „Меѓаши“ која денеска промовираше Водич за превенција и справување на насилството во училиштата.
– Ако учениците не го препознаваат насилството и не реагираат на него, тоа ќе се повторува и ќе има се повеќе деца жртви на насилство. Водичот за превенција е уште една алатка, добра алатка што ја препорачувам и до Бирото за развој на образование, МОН, за да биде што е можно подостапен до сите. Целта е да се препознава насилството, да не се поддржува, да се реагира соодветно и да не се се биде соучесник, нагласи претседателот и основач на „Меѓаши“ Драги Змијанац.
Тој појасни дека станува збор за практични совети, имајќи во предвид дека некогаш и зборовите можат да повредат и да остават трауми. Неопходно е, додаде, стручните служби навремено да реагираат за да има клима на солидарност и емпатија, учениците да имаат доверба во нив и да пријавуваат евентуално насилство. Дополнително стигматизирање и виктимизирање на жртвите на насилство, нагласи, се случува, кога насилството се снима и дистрибуира на социјални мрежи на интернет.
– Неопходно е насилството навремено да се препознае и веднаш да се реагира. Во спротивно, тоа може да трае. Во тој случај, некое дете евентуално може да си го одземе и животот, ако не може повеќе да го издржи насилството, предупреди Змијанац.
Светлана Аспровска Тодоровиќ, училишен психолог во СУГС „Георги Димитров”, рече дека стручната служба во училиштето треба да биде како медијатор меѓу наставниците, родителите и учениците.
На прашањето дали доволно се слуша гласот на учениците во училиштата и дома и што е тоа што ги провоцира учениците да манифестираат врсничко насилство, Вероника Петрова, ученичка во СУГС ,,Георги Димитров”, рече дека меѓуврсничкото насилство потекнува од, како што посочи, нова смисла за хумор, црн хумор.
– Постои меѓуврсничко насилство. Се чувствуваме заштитено од стручните служби, иако, главно, има една негативна асоцијација од страна на младите, кога се во прашање тие служби дека тие служат само за критикување на учениците поради различни причини. Меѓуврсничкото насилство сметам дека потекнува од нов смисол за хумор, црн хумор. Лично, стручната служба ја гледам како безбеден простор, каде младите можат да ги кажат мислењата и проблемите. Тие служби можат многу да помогнат – рече Петрова.
13
views
Здраво Македонија ТВ Канал 5 Изјава: Драги Змијанац, претседател и основач на Меѓаши
Здраво Македонија ТВ Канал 5 Изјава: Драги Змијанац, претседател и основач на Меѓаши
8
views
Здраво Македонијо - 28.03.2024 - Гости: Драги Змијанац, Салија Љатив Петрушовска и Евгениј Поп Ацев
Здраво Македонијо - 28.03.2024 - Гости: Драги Змијанац, Салија Љатив Петрушовска и Евгениј Поп Ацев
Водители: Милена Атанасовска Станковска и Роберт Јанков https://youtu.be/OYBJBJnrmQg?si=36pLX0oubInC8uH3
10
views
🚀 Meet Ilina Georgieva, a 20-year-old girl with Down syndrome who vigorously moves forward.
🚀 Meet Ilina Georgieva, a 20-year-old girl with Down syndrome who vigorously moves forward.
The video about this exceptional girl, translated into English, will be presented on World Down Syndrome Day - March 21st, as part of an event organized by the Permanent Mission of N. Macedonia in Geneva.
🌟 The event will also promote the story about Ilina in English, written by her mother Mimoza Petreska Georgieva, as well as a drawing made by Ilina's father, Pero Georgiev.
H.E. Dr. Teuta Agai Demjaha, Ambassador and Permanent Representative of the Permanent Mission of N.Macedonia in Geneva, will address the audience. On the same day, the story about Ilina will be presented at the central event, at the United Nations at Geneva, where the Republic of N. Macedonia is one of the organizing countries.
❤️ Our Ilina is a positive, open, determined, and cheerful person who leaves a strong impression on everyone she meets with her extraordinary energy and team spirit. She loves to dance, sing, and with great perseverance, she has significantly imprоoved her swimming skills, boasting medals from several competitions.
📣 This video, created as part of the campaign "Maybe we are different, but we are all talented" by the First Children's Embassy in the World Megjashi, is just a small window into Ilina's exciting daily life in Macedonia.
🪐 Ilina has been living in Switzerland for over a year and is taking her first steps in the process of integration into this country.
We're crossing our fingers for you, dear Ilina!
🚀 Запознајте ја Илина Георгиева дваесетгодишна девојка со Даунов синдром која неуморно чекори напред.
🌟 Видеото за оваа исклучителна девојка преведено на англиски јазик, ќе биде презентирано на Светскиот ден на луѓето со Даунов синдром – 21 Март, во рамки на настан кој по тој повод го организира Постојаната мисија на С.Македонија во Женева, на кој ќе биде промовирана и пишаната приказна за Илина на англиски јазик, чија автор е нејзината мајка Мимоза Петреска Георгиева, како и цртеж изработен од таткото на Илина, Перо Георгиев.
На настанот ќе се обрати Н.Е Др. Теута Агаи Демјаха, Амбасадор и Постојан претставник на Постојаната мисија на С. Македонија во Женева. Истиот ден, приказната за Илина ќе биде презентирана и на централниот настан кој ќе се одржи во Обединетите нации во Женева, каде Р.С. Македонија е една од земјите организатори.
❤️ Нашата Илина е позитивна, отворена, упорна и ведра личност која со својата незапирлива енергија и тимски дух остава силен впечаток врз секој што ќе ја запознае. Обожава да танцува, да пее, а со голема упорност го усоврши и пливањето, за што може да се пофали со освоени медали на неколку натпревари.
📣 Видеото, изработено во рамки на кампањата „Можеби сме различни, но сите сме талентирани“ на Првата детска амбасада во светот Меѓаши, е само мал прозорец во доскорешното возбудливо секојдневие на Илина во Македонија.
🪐 Илина повеќе од една година живее во Швајцарија и ги прави првите чекори во процесот на интеграција во оваа земја.
Ти држиме палци, мила Илина!
Прва детска амбасада Меѓаши / First Children's Embassy Megjashi
43
views